Авторка Марија Павличковска
|
Вовед
Вештачката интелигенција (ВИ) станува сè поприсутна тема во денешното општество, внесувајќи промени во различни индустрии и преобликување на начинот на кој живееме и работиме. Нешто што пред неколку децении претставувало само научна фантастика, сега е клучен дел на технолошкиот развој во современиот свет. Како една од најреволуционерните технологии на 21-от век, ВИ го држи потенцијалот за подобрување на ефикасноста и продуктивноста во многу сектори, исто така предизвикува загриженост за иднината на работните места и влијанието врз пазарот на трудот.[1]
Од паметни асистенти на нашите мобилни телефони, како Сири (Siri), Гугл Асистент (Google Assistant), Џеминај (Gemini) и Мајкрософт Копилот (Microsoft Copilot), преку алгоритми што автоматски препознаваат лица, гласовни или пишани пораки, па сѐ до возила кои сами возат и медицински системи кои дијагностицираат заболувања побрзо и попрецизно од медицински персонал, ВИ станува се поприсутна и покористена во нашиот секојдневен живот и бизнис.
Од една страна, вештачката интелигенција нуди голем потенцијал за зголемување на ефикасноста, квалитетот на услугите и иновациите во различни сектори. Правилното управување со вештачката интелигенција може да создаде нови работни места, да го олесни животот на луѓето, но и да им овозможи да се фокусираат на покреативни, емотивни и креативни аспекти од животот и работата.[2]
Но, пак од друго гледиште, со секој развој и примена на интелигентни машини и алгоритми започнува да се заменува човечката работна сила, не само во фабриките и производството, туку и во сфери што се сметале дека човековата рака не можела да биде заменета до тогаш, односно настануваат промени во делот на здравство, финансии, па дури и во образованието. Како резултат на ова, веќе се поставени загрижувачките прашања: „Дали новите технологии ќе ми ја земат работата?“, „Како ВИ ќе влијае врз пазарот на трудот во годините што следат?“, „Дали човечките работници ќе останат потребни?“
Целта на овој есеј е да се истражи двојната природа на вештачката интелигенција како главната причина за технолошки напредок но и како потенцијален социјален ризик на пазарот на трудот. Преку анализа на различни индустрии, примери од праксата и ставови од експерти, ќе се обидеме да го пронајдеме одговорот на прашањето „Дали
3
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
вештачката интелигенција претставува закана или можност за подобра иднина на работата?“
Што претставува вештачката интелигенција?
Вештачка интелигенција (ВИ) претставува гранка од компјутерската наука која има за цел да развие системи и машини способни да извршат задачи што обично бараат човечка интелигенција. Некои од овие задачи се разбирањето на природните јазици, препознавање на слики и говор, решавање на проблеми, учење, комуницирање и планирање.[3] Целта на вештачката интелигенција не е само преку нејзе да се автоматизираат задачи, туку и да се овозможи развој на алгоритми кои можат да обработуваат големи количини податоци и да учат од нив за да донесуваат интелигентни одлуки.[4]
Вештачката интелигенција е веќе присутна во секојдневието на милиони луѓе. Мобилните апликации како Сири (Siri), Гугл Асистент (Google Assistant) и Амазон Алекса (Amazon Alexa) се базираат на природна обработка на јазици со цел да ги разберат командиде на корисниците и да одговорат соодветно. Нетфликс (Netflix) и Јутуб
(YouТube) исто така користат алгоритми за препораки кои нудат персонализирана содржина, додека автомобилските компании развиваат автономни возила базирани на ВИ кои користат сензори, како ГПС, камери и лидар за мониторирање и креирање на 3-Д мапа од околината во која се наоѓаат[5], и алгоритми за анализа на сообраќајната околина и носење одлуки во моментот.[6]
Видови на вештачка интелигенција
Според нивната интелектуална способност и намена, разликуваме три основни типови на вештачка интелигенција[7]:
Ниско ниво: Слаба ВИ (Narrow AI – ANI)
Ова ниското ниво се наоѓа ВИ која е специјализирана за извршување на конкретни задачи, како што се препознавање лица, анализа на говор, препораки или интелигентли чат-ботови. Овој тип на системи не ја поседуваат способноста за општо размислување, и тоа можеме да го видиме преку примерот Гугл Транслејт (Google Translate). Системот Гугл Транслејт е способен да текстови, но не го разбира поширокиот контекст или значењето зад зборовите.[8]
4
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
Средно ниво: Општа ВИ (General AI – AGI)
Овој тип интелигенција, исто така позната како силна ВИ, може да ги извршува сите интелектуални задачи што ги извршува човекот. Taa може да размислува, планира и учи како вистински човек, со способност за апстрактно размислување.[9] И сега сигурно ќе си речете, „Аха овде значи ќе го сместам ЧатГПТ“, всушност не е така. Иако, овој модел и слични модели како ГПТ-3 се премногу силни и сестрани во генерирање на текст, сепак повеќе би припаднале на примери од слабата ВИ.
Високо ниво: Суперинтелигенција (Superintelligence)
Оваа e хипотетичка форма на ВИ која би можела да ја надмине човековата интелигенција и способност во секоја област, како што е научно истражување, креативност, општествени вештини и емоционална интелигенција. Доколку овој тип на ВИ продолжи неконтролирано да се развива, според истражувачот Ник Бостром (Nick Bostrom), може да има сериозни импликации врз човештвото.[10]
Како функционира вештачката интелигенција?[11] Современата ВИ се базира на машинско учење (machine learning), при што алгоритмите се тренираат на големи количини податоци за идентификување шаблони и донесување на одлуки. На пример, систем за препознавање на рак анализира илјадници медицински видео снимки за да „научи“ како изгледаат различни видови на тумори и како резултат да постави дијагноза врз штотуку научените податоци.[12]
Длабоко учење (Deep learning) е напредна форма на машинско учење кое користи вештачки невронски мрежи кои наликуваат на структурата на човековиот мозок. Овие мрежи се состојат од повеќе слоеви кои редоследно ја обработуваат содржината од најосновни карактеристики, како што се линии и бои во слика, до комплексни концепти, како емоции или намерите на говорникот.[13]
Друг начин кој е поврзан со ВИ е обработка на природен јазик (NLP – Natural Language Processing), кој се користи за разбирање и генерирање на човечки јазик.[14] Попознати примери од овој тип, кои користат јазични модели за генерирање текст, пишување содржина, програмирање и водење дијалози со луѓе, се ЧатГПТ (ChatGPT), Гугл Бард – Џеминај (Google Bard – Gemini) и Мајкрософт Копилот (Microsoft Copilot).[15]
5
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
Автоматизација и влијанието на ВИ врз индустриите
Вештачката интелигенција е една од клучните причини за трансформација на речиси секоја индустрија, особено преку автоматизацијата.[16] Овој процес се одвива така што се заменува или се надополнува човековата работа со интелигентни системи и резултира со зголемена ефикасност, намалени трошоци, побрзи услуги и подобрување на точноста при извршување на задачите. Сепак, покрај економските придобивки, автоматизацијата предизвикува и сериозни дискусии за иднината на работната сила, структурни промени на пазарот на трудот и потреба од нови вештини кај работниците.[17]
Производство и логистика
Како една од највидливите трансформации се издвојува производствената индустрија. Компаниите, како Тесла (Tesla) и Тојота (Toyota), користат роботи кои се изградени врз основа на ВИ и можат да извршуваат комплексни задачи како склопување делови, контрола на квалитетот и предвидување на потребата за оддржување на машините.[18][19] Во однос на логистиката, Амазон (Amazon) користи роботи за автоматско складирање, пакување и селектирање на производи, со што забележително се намалува времето потребно за испорака.[20][21]
Здравство
Друга гранка каде се користи ВИ е здравството. Вештачката интелигенција овде наоѓа примена во дијагностика, обработка на медицински снимки, предвидување на болести и персонализирана терапија.[22][23] Како еден од многуте примери можеме да го земеме ситемот ИБМ Ватсон Хелт (IBM Watson Health), кој може да анализира илјадници научни трудови во краток период време и воедно да препорача терапија на пациентите[24], или пак, друг исто така познат систем за анализа е Гугл Хелт (Google Health), кој развива ВИ модели кои ги надминуваат човековите радиолози во точност на дијагностицирање одредени видови на рак.[25][26]
Финансии
Со цел да се справат против измами, тргување со акции и анализа на ризици, банкарскиот сектор исто така има вклучено неколку видови на ВИ модели.[27] Со цел
6
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
да помогнат во одлуки за купување и продажба на акции, се користат алгоритми наречени „алготрејдинг“ (algorithmic trading) кои ја носат одлуката во реално време врз основа на голем број фактори, и се со брзина многу поголема отколку брзината што можат да ја следат човечките брокери.[28] Многу банки низ светот користат чат-ботови и ВИ асистенти за да им одговорат на корисници 24/7, но низ моето истражување не пронајдов дали банките во Македонија имаат слични модели кои ги користат базирани на ВИ.
Образование
Во образованието, ВИ се користи на платформи за адаптивно подучување или предавање, како што се Кан Академи (Khan Academy) или Курсера (Coursera), кои користат алгоритми за следење на перформансите на учениците и автоматско препорачување содржини според нивото и стилот на учење на ученикот.[29] Други ситеми кои постојат и се користат се системите за автоматско оценување и генерирање на тестови кои стануваат се понапредни.[30]
Медиуми и креативни индустрии
Со вештачка интелигенција веќе можеме да креираме содржина. Само неколку одлики на ова се пишувањето на статии, генерирање на музика и звуци, дизајнирање на слики, видеа и разни видови на уметност. Компаниите како што се ОупенАИ (OpenAI) со нивните ГПТ (GPT) модели и ДАЛЛ-Е (DALL-E), имаат веќе покажано дека не само човековата имагинација може да ги извршува овие креативни задачи, туку и моделите базирани на ВИ. Други издавачки и медиумски куќи како Ројтерс (Reuters) и Блумберг (Bloomberg) користат ВИ за автоматско генерирање на финансиски извештаи.[31]
Светскиот економски форум, до 2030 година смета дека автоматизацијата може да замени околу 85 милиони работни места, но и да создаде 97 милиони нови, пред се во области како технологија, грижа за луѓе и креативна индустрија,[32] при што се укажува на активно управување со транзицијата, инвестирање во образованието, и политики кои ќе го овозможат праведниот начин за вработените.
Oпштествени ризици од автоматизација
Иако вештачката интелигенција и автоматизацијата носат бројни придобивки во продуктивноста и квалитетот на услугите, сепак постојат социјални и економски
7
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
предизвици за кои луѓето се загрижени. Најголеми грижи се поврзани со губењето на работни места, зголемената нееднаквост, маргинализирање на одредени групи и промени во структурата на пазарот на трудот.[33]
Најочигледен и најдискутиран ризик е замената на човечката работна сила со машини. Автоматизацијата најпрво може да пронајде место меѓу работните места со рутински и повторливи задачи. Под ова се подразбираат фабричките работници, касиери, и административни работници. Покрај нив загрозени би биле и оние работни позиции кои се сметале за „безбедни“ во последните години како што се правниците, новинарите, и финансиските аналитичари.[34]
Според неколку истражувања од страна на Универзитетот на Оксфорд, веќе се предвидени дека околу 47% од работните места во САД се изложени на ризик од автоматизација во наредните две децении. А, вакви примери почесто можеме да видиме кај нас и во соседните држави. На пример, веќе во некои од поголемите маркети, како Тинекс или пак од сосеството како Декатлон (Decathlon), можеме да видиме каси за самопослуга, односно наместо да чекаме производите касиерот/касиерката да ни ги скенира, сега имаме машини со кои самите ние можеме да си ги скенираме производите и да платиме.
Можеме да забележиме дека технологијата не е подеднакво развиена меѓу луѓе од еден регион и луѓе од друг регион, односно ВИ има потенцијал да придонесе до економска нееднаквост со непропорционална корист на побогатите единци и корпорации.[35] Од ова, како резултат произлегува дека поголема би била веројатноста нискообразованите работници и оние со слаби вештини да се мета на замена со автоматизирани системи, додека пак оние со технолошки знаења и повисоко образование би имале подобар пристап до новите работни можности.[36] Преку овој заклучок настанува така наречената „дигитална поделба“, за која не е важен само пристапот до технологии, туку и можноста за учество во новата дигитална економија, со што настанува постојан растечки јаз во приходите и намалени можности за социјална мобилност.
Покрај економскиот аспект на животот, автоматизацијата носи со себе и психолошки ефекти. Луѓето кои би ја изгубиле работата или чија професија исчезнува и е заменета со машина, би развиле чувство на замена, обезвреденост и загуба на идентитет.[37] Особено погодени од овие чувства би биле луѓето кои се наоѓаат на работни
8
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
места како наставници, медицинските лица или занаетчиите. Според некои психолошки истражувања, како најголем извор на стрес во модерното време се смета чуството за несигурност поврзано со иднината на работата.[38]
Родова еднаквост и вештачката интелигенција
Погоре зборувавме како општеството би се справувало и би претрпувало промени од страна на автоматизацијата, но што би се случило со родовата еднаквост? Еден од помалку истражените и често запоставени суштински аспекти на автоматизацијата и вештачката интелигенција е нивното влијание врз родовата еднаквост. Женската популација е повеќе застапена на работни места кои се подложни на автоматизација. Според неколку истражувања, најголем број на работни места кои се зафатени од женската популација се во текстилните, производствените, услужните и админастривните сектори. Како што е веќе повеќе пати прикажано низ оваа семинарска работа, овие позиции се позициите кои се подложни на автоматизирани системи, поради тоа што се рутински задачи кои се лесни за замена.[39]
Истовремено, новите работни позиции, за кои ќе зборувам подолу, кои се креираат се од областа на технолошки полиња, особено СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика – STEM) секторите, кои до ден денес се уште се доминирани од мажи. Според Светскиот економски форум, работната сила во секторите што ја движат Четвртата индустриска револуција (Интернет на нештата, технологија за пресметување облак, ВИ и машинско учење, Еџ компјутери и сајбер безбедност[40]) се сочинуваат со помалку од 30% жени.[41]
Како што спомнавме, машинското учење и ВИ се базирани врз тренирање системи со големи множества на податоци кои ја рефлектираат историјата на човековите одлуки. Овие множества со состојат од веќе постоечки социјални стериотипи и историја која е обележана со дискриминација, па затоа, поради недоволното учество на жени во технолошкиот сектор и развој на самите ВИ технологии, постои опасност дека алгоритмите ќе продолжат да ги следат постојните родови пристрасности, наместо да ги надминат. Познат пример за ова е статијата на Дастин (J. Dastin)[42], кој во истата го има истражено експериментот на Амазон за вработување преку автоматски систем за примање вработени. Според Дастин, овој систем автоматски ги намалувал оценките на апликациите кои содржеле термини како „женски колеџ“(women’s college). Овој случај е
9
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
доволна причина да се нагласи потребата за критичка евалуација на податоците и методологиите кои се користат за развој на ВИ системите.
Исто така, интегрирањето на родовата перспектива во дизајнот, развојот и имплементацијата на вештачката интелигенција е од значителна важност за да се избегне зацврстувањето на постоечките нееднаквости. Не само поголемата застапеност на жени во технолошките тимови, ова вклучува и активно вклучување на феминистичките и инклузивните принциши во политиките за дигитална трансформација.[43] Со цел да се создаде фер и инклузивна дигитална иднина, политиките за преквалификација, инвестициите во обука за жени и охрабрувањето на млади девојчиња да изберат СТЕМ базирани кариери е од големо значење. Ако се дизајнира ВИ правилно каде што ќе се вклучуваат транспарентни алгоритми, родово-неутрални обуки на податоци и активни политики на инклузивност во процесите на дизајн и имплементација, таа би имала голем потенцијал да создаде поинклузивен пазар на труд.[44]
Можности за нови работни места
И покрај тоа што вештачката интелигенција почнува да ги заменува постоечките професии, таа исто така создава и нови можности за вработување и трансформација на работниот пазар. Според историјата на технолошкиот напредок, во секоја индустриска револуција се појавувале нови професии, вештини и економски сектори. Па затоа, од позитивно гледиште, ВИ може да ги забрза позитивните промени, особено ако општеството успее правилно да ги управува транзициите.
На пазарот, уште од пред неколку години, константно се појавуваат нови професии. Едни од примерите за ова се работните позиции за инженерите на ВИ системи, аналитичари за податоци, обучувачи на алгоритми, специјалисти за етика на вештачка интелигенција, како и менаџери за дигитална трансформација. Но, се почесто се појавуваат и „хибридни“ работни места кои ги комбинираат технолошките знаења со креативните способности. Примери за овие позиции се дизајнерите за интеракции со ВИ, комуникациски специјалисти за автоматизирани системи, но и психолози за дигитални искуства.[45]
ВИ е главната причина за нови индустрии, како што е индустријата за вештачка реалност (Virtual Reality – VR / Artificial Reality – AR), дигитално здравје, автономен транспорт, паметни градови и одржливи енергетски решенија. Сите овие области бараат
10
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
кадар со различни профили (од софтверски инженери до урбани планери, техничари и едукатори), па така според најновите професии на ЛинкедИн (LinkedIn), повеќето од секторите кои се поврзани со вештачка интелигенција и автоматизација се меѓу едни од најбрзо растечки глобално.[46]
Малите и средните претпријатија, со помош на вештачката интелигенција, би имале можност да пристапат до напредни алатки за анализа, автоматизација на процеси и дигитален маркетинг, што порано биле достапни само за поголемите корпорации и бизниси. Според извештајот на МекКензи[47](McKinsey), малите бизниси кои ги применуваат овие технологии имаат поголеми шанси (10 – 20%) за раст и отварање на нови работни места. Покрај тоа, се отвараат можности за креирање на нови бизниси, самовработување и нови флексибилни работни аранжмани.
Но, со секоја нова работна позиција, расте и побарувачката за нови вештини, а со тоа расте и потребата за наставен кадар, обучувачи и консултанти кои можат да помогнат со преквалификација и унапредување на дигиталната писменост. Според ова, дури и самата индустрија за образование претрпува промени, од каде што произлегуваат новите улоги како што се дизајнери на е-учење, ментори за онлајн платформи и консултанти за групно учење.[48]
Сепак, овие машини не поседуваат се што луѓето имаат. Тоа се нашите чувства. Овие машини можат да анализираат големи количества податоци и да изработуваат задачи, но го немаат чуството за емпатија, креативност, интуиција и интеракција. Затоа, професии кои се базирани на овие вештини (како психологија, уметност, образование и здравство) би останале релевантни, но и би помогнале во збогатувањето на ВИ алатките.[49]
Студии на случаи
Веќе неколку страни зборуваме за вештачката интелигенција може да најде место во таа индустрија, или може да се користи таму, но сметам дека со цел да се добие поконкретна слика за влијанието на ВИ, покорисно е да се разгледаат реални примери. Со таа цел, ги издвоив две познати имиња кои веќе ги имаат имплементирани овие технологии.
11
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
Амазон (Amazon)
Амазон е една од најголемите светски компании која активно ја применува вештачката интелигенција и роботика за трансформација во своите магацински процеси. Посакувајќи да ја подобрат ефикасноста во својата испорака и безбедноста на своите вработени, во 2012 Амазон ја основа Амазон Роботикс (Amazon Robotics)[50], која до ден денес е една од најголемите мрежи на магацини на Амазон, која има над 750,000 роботи. Овие роботи им помагаат на вработените за побрза, побезбедна и поефикасна испорака на производи. Според студија направена од страна на МИТ (Институт за Технологија во Масачусец – MIT), околу 60% од вработените кои работат со овие роботи очекуваат зголемена продуктивност и безбедност.[51]
Типови на роботи во магацините на Амазон[52][53]
Веќе повеќе пати ја имаме спомнато автоматизацијата што се применува во Амазон и роботите кои се користат, и со таа цел, во оваа подточка, ќе се задржам на поконретно разгледување на функционалности и способности кои они ги поседуваат.
Секуија (Sequoia) е еден од многуте типови на интелигентни системи кои се користат во овие магацини. Роботот користи ВИ и компјутерски вид, и како негова работна задача е складирањето и да земањето инвентар за достава до работните станици на вработените кои ги пакуваат нарачките на корисниците. Со големина од околу 46,450m2, способен е да земе повеќе од стотици илјади нарачки на ниво на недела, што го прави за 75% побрз од просечен работник.
Херкулес (Hercules), симболично на неговото име, е робот кој пренесува големи кутии со производи до вработените кои ги подготвуваат нарачките. Вграден е со 3-Д камера и сензори за навигација и избегнување на препреки. За неговите димензии 100x72x20cm, oвој робот е способен да подигне тежина од околу 567кг и да го разнесе низ 92,903m2 површина. Додека пак, постои уште еден робот сличен на Херкулес, но со многу поголем капацитет за дигање товар, а тоа е Титан (Titan). Дизајниран е за пренос на потешки и поголеми предмети до 1135кг, како што се куќните апарати, палетите со храна, итн., иако има само малку поголеми димензии од Херкулес.
Најнов робот кој е пуштен во употреба оваа година во Хамбург, Германија, е Вулкан (Vulcan). Ова е првиот Амазон робот кој го има „чувството за допир“. Тој подига и поставува производи од највисоките и најниските нивоа на полиците за складирање, користејќи ги неговите 10 роботски раце со прецизна контрола над силата за фаќање.
12
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
Истовремено може да подигне работи до 3кг и 35cm во должина, иако поседува 3m висина. Спероу (Sparrow), пак, е уште една роботска рака која детектира, селектира, справува и сортира посебни производи и ги сместува во соодветни кутии кои се подоцна предадени до вработените за пакување. Овој робот е базиран на компјутерски вид и ВИ, и е способен да подигне товар од 5,5кг.
И како последни би ги издвоила, Робин (Robin) и Кардинал (Cardinal), кои се користат во процесот за сортирање и подготовка на пакети за испорака до крајните корисници. Робин преместува и сортира пакети пред да се однесат на надворешно пристаниште.[5] Додека пак, Кардинал користи како ѝ Секуија и Спероу, компјутерски вид и ВИ, претпазливо и цврсто ги крева пакетите и ги става во колички според нивната дестинација.
Ефекти врз работната сила
Откако ги разгледав сите роботи кои Амазон ги поседува, заклучив неколку разлики: тие се побрзи, поспособни, но и над-природни. Амазон не ја користи вештачката интелигенција и роботиката само за замена на луѓето, туку нивната цел е да ја подобрат безбедноста и ефикасноста на компанијата. Сепак, преку оваа автоматизација, вработените на Амазон повеќе не мора да се движат со километри низ магацинските полици и да подигаат тешки товари, со што се намалува ризикот од повреди на работно место. Воедно, некој мора да се грижи за овие роботи, со што се отвараат нови работни позиции за техничарите, оператори за далечински надзор и софтверски инженери на ВИ-системи.[53][54]
„Напредокот во ВИ овозможи беспрекорна интеграција на технологиите, што очекуваме да донесе 25% подобрување на продуктивноста во следната генерација на магацини“ – Скот Дресер (Scott Dresser), потпретседател на Амазон Роботикс (Amazon Robotics)[55]
ЧатГПТ (ChatGPT)
Откако станаа ВИ алатките актуелни, многу од компаниите во областа на е трговијата и банкарство, започнаа истите да ги користат и да ја воведуваат автоматизацијата за корисничка поддршка. Еден од највпечатливите примери е имплементацијата на ЧатГПТ и слични јазични модели за автоматски одговор на прашањата на корисниците. Иако ваквите технологии ги намалуваат потребите од агенти во прв ред на комуникација со корисници, исто така се создаваат и нови работни позиции.
13
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
Неколку од овие позиции се надзорниците на разговори, дизајнери на дијалогот, аналитичари и дизајнери за интеракција со клиенти, и многу други примери. Според статијата на Форбс (Forbes) во 2023, повеќе стартап компании, како Интерком (Intercom) и Зендеск (Zendesk), користат ВИ за одговор на 60 – 80% од прашањата, додека остатокот го пренесуваат човечките агенти.[56]
Сепак, последните истражувања укажуваат дека автоматизацијата со користење на системи како ЧатГПТ носи социјални и етички импликации. Според Бенет (Bennet), системите за автоматизирана поддршка често ја повторуваат родовата и културната пристрасност која е вградена во податоците за тестирање, што може да резултира со непожелни однесувања кон корисници врз основа на нивниот пол, етничка припадност или јазик.[57] Додека пак, во истражувањето на Манока (Manokha) дознаваме дека замената на човечките агенти со ВИ може да го намали човековиот елемент тесно поврзан со грижата кон клиентот, што е особено важно за сектори кои целовремено работат во близок контакт со луѓето, како што се здравството и социјалните услуги.[58]
Во понов труд, објавен на СајенцДирект (ScienceDirect) од страна на Гојал и Танвар (Goyal & Tanwar), се истакнува распределбата на трудот што ја предизвикува автоматизацијата да ги зајакне постоечките нееднаквости. Односно, како и повеќе пати што имаме спомнато, жените и малцинствата почесто се вработуваат на административни и услужни позиции, кои најбрзо се автоматизираат.[59]
Мислења на експерти
Како што веќе е кажано во делот за ЧатГПТ, истражувањата на Гојал и Танвар[60], како и Манока[61], го покажуваат проблемот со продлабочувањето на родовата нееднаквост преку вештачката интелигенција и автоматизацијата, особено во сектори каде жените се повеќе застапени. Но, овие експерти не се единствените кои ги покажуваат овие ризици.
Швета Нарајан (Shweta Narayan), во нејзиното истражување од 2024, нагласува дека родовата пристрасност е често пронајдена во тренирачките податоци и алгоритамските дизајни на ВИ ситемите. Како резултат на овој проблем добиваме систематска дискриминација врз основа на пол.
14
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
„Без внимателна интервенција, ВИ ќе продолжи да ги прикажува старите социјални хиерархии под нова, дигитално руво.“ – Швета Нарајан, 2024, „ВИ чатботовите придонесуваат глобални разговорни неправди“(“AI chatbots contribute to global conversation injustices”)[62]
Слично на Швета, истражувачите од Европската мрежа на родова еднаквост (European Institute for Gender Equality – EIGE), имаат направено анализа дека жените се воочливо помалку застапени во дизајнирањето и развојот на ВИ системите. Поради ова, настанува недостатокот на разновидност во технолошките перспективи, како и засилувањето на ризикот од пристрасни решенија. Овие експерти предлагаат воведување на родови анализи со цел да се добијат етичките оценки од новите ВИ технологии.[63]
Авторката на „Алгоритми на Угнетувањето“ (“Algorithms of Oppression”)[64], проф. Сафија Ноубл (Safiya Noble), покажува во своите истражувања за алгоритамските пристапи во јавниот сектор, дека дури и кога се користат јавните услуги, автоматизираните системи често функционираат според расни и родови стереотипи. А, како што знаеме, овие сектори се од голема важност, и фактот што ова резултира во правична рапределба на ресурси и пристап до услуги, би имало сериозни последици.
Истражување меѓу граѓаните на Македонија И покрај сето ова истражување што е напраено на светско ниво, сепак мене ме заинтересираа мислењата на граѓаните на Република С. Македонија. Со таа цел, креирав анкета која ја споделив на социјалните мрежи веќе подолго време, но исто така искочив и на улиците во Дебар Маало, Карпош 4, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Кисела Вода и Матка. Се обидов со моето истражување да опфатам се поразлични возрасни и етнички групи, со цел да ѝ дадам на анкетата некоја важност.
Испитаниците беа прашани на следните прашања:
1. Дали сте слушнале за терминот Вештачка интелигенција(ВИ)?
2. Колку сте информирани за влијанието на ВИ врз работните места? 3. Што мислите, дали ВИ претставува закана за работните места во иднина? 4. Во кои сектори мислите дека ВИ најмногу влијае на работните места? 5. Дали ВИ може да создаде нови работни места кои до сега не постојат? 6. Дали сметате дека владите треба да воведат регулативи за користење на ВИ? 7. Дали сметате дека ВИ има родови пристрасности, дискриминација и стереотипи?
15
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
8. Како би ја опишале вашата емоција кон ВИ?
И неколку отворени прашања, како „Која е вашата профеција/поле на работа?“, „Кое е вашето мислење за влијанието на ВИ врз работната сила во следните 10 години?“ и „Што мислите треба да се направи да се минимизира негативното влијание на ВИ врз вработувањето и родовата пристрасност?“, кои не беа задолжителни за одговор.
Интересен е фактот што, иако испитаниците во живо одговараа со нивни приказни, одговорите кои ги добив беа скоро идентични на оние од онлајн анкетата. Поради тоа, ќе се освртам на приказ на овие резултати, кои сметам дека зборат сами за себе.
16
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
17
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
18
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
Како заклучок на мојата анкета можам да дадам дека луѓето имаат доста поделени мислења на темата за вештачката интелигенција. Постои значителна свесност и загриженост за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот. Како што е прикажано на сликите, голем број од испитаниците сметаат дека ВИ може да доведе до намалување на бројот на работни места, особено во производството и административниот сектор.
Заклучок
Како една од водечките технолошки иновации, вештачката интелигенција има потенцијал да го трансформира пазарот на трудот, но ѝ самиот начин на кој работиме и самата дефиниција на зборот „работа“. Низ оваа семинарска работа, се надевам дека го доловив фактот дека ВИ веќе има големо влијание низ индустриите и секторите, како ѝ зголемувањето на квалитетот и ефикасноста на услугите преку автоматизацијата. Сето ова, низ повеќе статии и истражувања од неколку експерти, се покажа дека иако ВИ помага во напредување, ја создава таа неизвесност околу иднината на одредени работни позиции.
Посебен акцент е ставен на прашањето за родова еднаквост, каде што преку повеќе извори дојдовме до заклучок дека жените се особено изложени на ризик од автоматизација, поради тоа што тие се најмногу застапени во професии кои се најлесно заменливи. Исто така, за жал, многу мал процент учествуваат во креирањето и развојот на ВИ системи и технологии, со што родовата чуствителност може да се засили, наместо да се ублажи структурната нееднаквост. Според истражувањата за Амазон и ЧатГПТ, видовме дека технологијата не мора да значи дека ќе ја замени работната сила целосно,
19
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
туку може да биде корисна алатка што му дава важност на човечкиот труд и отвара нови работни позиции. Сепак, видлив беше фактот дека со себе ВИ и автоматизацијата носи социјални ризици. Маргиналните групи, работниците со ниски вештини и женската популација можат да бидат едни од најранетите групи со автоматизацијата.
Како завршна реченица сакам да кажам: технологијата не ни е непријател. Доколку ја користиме свесно и етички правилно, таа може да биде корисно сретство за трансформација на правиот пат.
20
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
Библиографија
[1]https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0 _%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B 8%D1%98%D0%B0
[2] https://www.coursera.org/articles/history-of-ai?msockid=10200b0c9ebf6e0f2474193b9abf6cf7
[3] https://www.coursera.org/articles/what-is-artificial
intelligence?msockid=10200b0c9ebf6e0f2474193b9abf6cf7
[4]“Artificial Intelligence: A Modern Approach”(4th edition) Russell, S., & Norvig, P. (2021) [5] https://www.britannica.com/technology/transportation-technology
[6][8] https://sourceforge.net/projects/mit-deep-learning-book.mirror/
[7][11] https://www.geeksforgeeks.org/types-of-artificial-intelligence/
[9] https://www.britannica.com/technology/computer/Social-networking
[10] https://dn790007.ca.archive.org/0/items/artificial
intelligence/2014_superintelligence_paths%2C_dangers%2C_strategies-Nick%20Bostrom.pdf [12][24] https://dl.acm.org/doi/10.5555/3350442
[13] https://www.nature.com/articles/nature14539
[14] https://pg-p.ctme.caltech.edu/blog/ai-ml/how-does-ai-work-a-beginners-guide
[15] https://www.ibm.com/think/topics/artificial-intelligence-types
[16] https://www.ibm.com/think/topics/intelligent-automation
[17][48] https://www.tandfonline.com/doi/full/10.1080/14697688.2014.946440
[18]https://www.researchgate.net/publication/352552966_Industry_40_Technologies_for_Manufacturing_Sustain ability_A_Systematic_Review_and_Future_Research_Directions
[19] https://www.ibm.com/think/topics/ai-in-manufacturing
[20] https://www.mckinsey.com/capabilities/mckinsey-digital/our-insights/where-machines-could-replace humans-and-where-they-cant-yet
[21] https://blogs.sw.siemens.com/tecnomatix/ai-in-manufacturing-transforming-engineering-production-and supply-chains/
[22] https://www.coursera.org/articles/ai-in-health-care?msockid=10200b0c9ebf6e0f2474193b9abf6cf7 [23] https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC8285156/
[25] https://www.nature.com/articles/nature21056
[26] https://health.clevelandclinic.org/ai-in-healthcare
[27] https://bankarstvo.mk/kako-veshtachkata-inteligentsija-vlijae-na-bankarskiot-sektor-i-na-pazarite-na kapital/#:~:text=%D0%92%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20 %D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0 %B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%B8%20%D0%B2% D0%B5%D1%9C%D0%B5%20%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0% BD%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1 %82%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%B8%20%D0%BA%D0%BE%D0%B8%20%D1%98%D0%B0,%D0 %B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%E2%80%9C% 20%D0%B2%D0%BE%20%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0% D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B8%D0%B4%D0%BD%D0%B8% D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BA%
21
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D1%83%D1%81%D0%BB%D1%83 %D0%B3%D0%B8.
[28] https://link.springer.com/book/10.1007/978-3-030-41068-1
[29] https://school-education.ec.europa.eu/mk/discover/practices/alternative-approaches-innovative-teaching-and learning
[30] https://www.pearson.com/content/dam/corporate/global/pearson-dot-com/files/innovation/Intelligence Unleashed-Publication.pdf
[31] https://xueshu.baidu.com/usercenter/paper/show?paperid=a994298d16d6bc19b8ca6e3ec3b1b093 [32][49] https://www.weforum.org/publications/the-future-of-jobs-report-2025/
[33][35][37] https://www.forbes.com/sites/bernardmarr/2023/06/02/the-15-biggest-risks-of-artificial-intelligence/ [34] https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S2949697724000055
[36] https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0040162516302244
[38]https://www.researchgate.net/publication/349671350_Susskind_Daniel_A_World_Without_Work_Technolog y_Automation_and_How_We_Should_Respond_Allen_Lane_London_2020_20_336_pages
[39] https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000367416
[40] https://fiberroad.com/mk/resources/new-trends/what-is-industry-4-
0/#:~:text=%D0%98%D0%BD%D0%B4%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0% 204.0%20%D0%B5%20%D0%B0%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%BC%20%D0%B7 %D0%B0%20%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D
0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%20 %D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0.,%D0%B4 %D0%B2%D0%B8%D0%B6%D0%B0%D1%82%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%BD%D0%B0%D0%BF %D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0%20%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0 %B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%B4%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0 %B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0 %B4%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B8.
[41] https://www.weforum.org/publications/global-gender-gap-report-2024/digest/
[42] https://www.reuters.com/article/world/insight-amazon-scraps-secret-ai-recruiting-tool-that-showed-bias against-women-idUSKCN1MK0AG/
[43] https://labordoc.ilo.org/discovery/fulldisplay/alma995102891902676/41ILO_INST:41ILO_V1 [44] https://www.linkedin.com/pulse/human-touch-ai-building-inclusive-empathetic-systems-eromosele-oph8e [45] https://www.linkedin.com/pulse/jobs-rise-2025-linkedin-news/
[46] https://www.mckinsey.com/featured-insights/future-of-work
[47] https://www.oecd.org/en/about/directorates/directorate-for-education-and-skills.html [49][51][55] https://www.aboutamazon.com/news/operations/amazon-robotics-robots-fulfillment-center [50] https://robots.net/news/amazon-partners-with-mit-to-study-the-impact-of-robots-on-jobs/ [52] https://www.agvnetwork.com/robots-amazon
[53] https://finanssenteret.as/en/outbound-dock-understanding-dock-management-and-longshoremens-duties/ [54] https://www.carbon6.io/blog/how-warehouse-automation-is-revolutionizing-amazon-logistics/
[56] https://www.forbes.com/councils/forbesbusinessdevelopmentcouncil/2023/07/18/customer-support-using-ai chatbots-for-efficiency-and-empathy/
[57] https://www.nature.com/articles/s41599-024-04219-3
22
Автоматизација, вештачка интелигенција и нееднаквост |
[58][61] https://www.mdpi.com/2076-0760/12/8/435
[59][60] https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S2949882125000295
[62] https://www.nature.com/articles/s41599-024-02720-3
[63] https://link.springer.com/article/10.1007/s12027-022-00709-6
[64] https://safiyaunoble.com/wp-content/uploads/2020/09/Algorithms_Oppression_Introduction_Intro.pdf
23