Мила Саватиќ
1 Вовед
1.1 Што е вештачка интелигенција?
Вештачка интелигенција е гранка на компјутерските науки што се занимава со развој на системи и програми што можат да извршуваат задачи кои обично бараат човечка интелигенција. Ова вклучува учење, расудување, решавање проблеми, разбирање јазици и препознавање слики и звуци.
1.2 Нејзината примена денеска
Во новото време на технологијата вештачката интелигенција има широка примена во нашите секојдневни животи, на начини на коишто не би ни помислиле, повеќето од нас се среќаваме со неа од сабајле до вечер. Меѓу другото некои примери за случаеви во кои вештачката интелигенција игра голема улога се следните: Многу од нас го отклучуваат нашиот телефон со идентификација на нашето лице (face ID), за чија што функционалност тој користи вештачка интелигенција; Социјалните мрежи ја употребуваат за да го персонализираат она што го гледаме на нашите страни; Секој ден повеќето од нас испраќаат електронска пошта која користи алатки за проверка на правописот кои ни помагаат да подготвиме пораки без грешки. Овие алатки користат вештачка интелигенција и обработка на природниот јазик.
2 Дали ВИ може да замени одредени работни позиции?
2.1 Загриженост дека ВИ ќе ги замени работниците
Во последните години, вештачката интелигенција револуционирала многу аспекти од нашите животи, вклучувајќи го и начинот на кој работиме и комуницираме со технологијата. Таа го трансформира работното место, влијаејќи на тоа како функционираат бизнисите и како вработените ја вршат својата работа. Се очекува технологијата значително да влијае на глобалната економија преку трансформирање на пазарот на трудот и менување на природата на работата. Иако употребата на вештачка интелигенција генерално
3
е поврзана со добивки во продуктивноста за бизнисите, многумина очекуваат дека технологијата ќе бара широка промена во тоа какви работни места работат работниците и тоа како се обучуваат. Додека некои луѓе стравуваат дека таа може да ги замени човечките работници, постои растечка перспектива дека таа всушност може да создаде нови работни места.
2.2 Кои работни позиции се безбедни?
Нашироко се зборува дека вештачката интелигенција би можела да создаде повеќе работни места отколку што да замени. Многумина вработени во одредени индустрии може да здивнат поради тоа што таа нема да ги загрози нивните работни позиции, односно оние работни места кои не вклучуваат повторливи задачи и не се склони кон прекини. Таа не би можела да ги замени оние вработени кои работат во отворениот пазар на труд. Отворен пазар на труд е пазар во кој можностите за вработување се достапни за широк спектар на работници, со минимални ограничувања или бариери за влез. Во еден отворен пазар на труд: Секој може да аплицира за работа врз основа на вештини, квалификации и искуство; Работодавачите имаат слобода да вработуваат најдобри кандидати без премногу ограничувања; Работниците можат слободно да се движат меѓу работни места, индустрии и локации; Платите и условите најчесто се одредуваат од понудата и побарувачката, а не од строги регулативи.
Да одговориме на погоре поставеното прашање, некои професии кои најверојатно би останале релевантни во иднина се следните:
• Учители – Учителите често претставуваат референтна точка за многумина од нас. Нашите академски одлуки често се засноваат на тоа колку инспиративен бил одреден наставник во претходните години. Поради сите овие причини, речиси е невозможно во иднина наставата да биде целосно дигитализирана.
• Адвокати и судии – Овие професии бараат високо ниво на преговарање, стратегија и анализа на случаи. Голем дел од работата се заснова на личното искуство и знаење на секој правен експерт. За да се движите низ сложени правни системи и да браните клиент во суд, потребен е специфичен сет на вештини. Човечкиот фактор е неизбежен, особено кога
4
се донесуваат одлуки кои можат да значат години затворска казна, како што е случајот со судиите.
• Директори, менаџери и извршни директори – Раководењето со тимови во една организација е прашање на лидерство, а тоа не е збир на однесувања што можат да бидат претворени во код и обработени на линеарен начин. Извршниот директор (CEO) е исто така одговорен за пренесување на мисијата и вредностите на компанијата до тимот. Малку е веројатно дека инвеститорите некогаш ќе се чувствуваат удобно да вложуваат во компанија управувана од роботи или алгоритми.
• Менаџери за човечки ресурси – Иако вештачката интелигенција помага во процесот на селекција на кандидати преку автоматско прегледување на биографии, менаџерите за човечки ресурси сè уште играат клучна улога во организацијата. Вработувањето на нови професионалци е само дел од нивните одговорности. Тие исто така имаат значајна улога во мотивирањето на вработените, рано откривање на незадоволство и негово управување доколку е возможно.
• Психолози и психијатри – Иако веќе постојат технологии за препознавање на лице кои се користат за развој на основна вештачка интелигенција за советување и поддршка, менталното здравје е многу чувствителна тема. Човечкиот допир е клучен кога станува збор за поддршка на луѓето да напредуваат во животот во сите аспекти што ги опфаќа.
• Хирурзи – Технологијата значително ја подобри прецизноста во дијагностицирањето и откривањето на болести во медицинските извештаи. Микророботиката, исто така, ја зголемува прецизноста на хирурзите при операциите, овозможувајќи помалку инвазивни процедури. Но, да се биде хирург значи да се има способност да се поврзете со пациентот на повеќе различни нивоа, истовремено земајќи предвид огромен број фактори. Искусните хирурзи мора да ги комбинираат знаењето и вештините стекнати со години, често во рок од неколку минути за време на операција.
• Аналитичари на компјутерски системи – Без разлика колку стануваме автоматизирани, секогаш ќе има потреба од човечка интервенција за
5
одржување, ажурирање, подобрување и корекција на комплексни софтверски и хардверски системи. Овие системи често бараат координација меѓу повеќе специјалисти за да функционираат правилно. Аналитичарите ги прегледуваат можностите на системот, го контролираат
работниот процес и планираат подобрувања со цел зголемување на автоматизацијата. Оваа професија е во голема побарувачка во последните години.
• Уметници и писатели – Пишувањето е особено креативна уметност, а способноста да се изберат вистинските зборови и да се наредат во смислен и инспиративен текст е вистински предизвик. Дури и ако вештачката интелигенција може да апсорбира огромна количина литература и да развие свој стил на комуникација, магијата и возбудата што произлегуваат од создавањето уметност со зборови најверојатно ќе останат домен на човечката креативност и во иднина.
2.3 За какви работни позиции може да станува збор?
Како што споменавме погоре еден од најголемите стравови поврзани со вештачката интелигенција е автоматизацијата и нејзиниот потенцијал да ги замени работниците во одредени професии. Веќе постојат роботи кои ја преземаат работата во фабриките, алгоритми што обработуваат податоци побрзо од луѓето и софтверски решенија што автоматизираат административни задачи. На пример, поради тоа што поголемиот дел од времето прашањата и проблемите на клиентите се повторуваат и тоа што одговарањето на овие прашања не бара висока емоционална или социјална интелигенција, многу компании користат чат-ботови за корисничка поддршка, за автоматски одговори на често поставувани прашања, што значително ја намалува потребата од човечки оператори. Ова предизвикува загриженост дека милиони луѓе може да останат без работа, особено во секторите каде што задачите се рутински и повторливи.
2.4 Што нè учи историјата?
Сепак, историјата покажува дека секоја индустриска револуција довела до трансформација на пазарот на трудот, создавајќи нови професии. Исто како што компјутерите создале милиони работни места во минатото, така и вештачката
6
интелигенција може да отвори нови можности во иднина. Потребата од експерти за вештачка интелигенција, инженери за машинско учење, аналитичари на податоци и специјалисти за кибер-безбедност рапидно расте. Освен тоа, вештачката интелигенција овозможува зголемена продуктивност и ефикасност, што може да доведе до економски раст и подобрување на условите за работа. Наместо да ги заменува луѓето, може да работи заедно со нив, преземајќи ги досадните и повторливи задачи, а оставајќи им на луѓето повеќе време за креативност и иновација.
2.5 Како да се прилагодиме на промените?
Во ерата на вештачката интелигенција, важно е постојано да се учи, да се развиваат нови вештини и да се прилагодува на новите технологии и начини на работа. За тоа може да се земат курсеви, да се присуствува на работилници и конференции и да сме во тек со најновите трендови во нашата индустрија. Иако вештачката интелигенција е одлична во извршување на рутинските задачи, сепак е далеку од репликација на човечката емоционална интелигенција и креативност. Развивањето на меки вештини како што се комуникација, решавање проблеми и соработка ќе бидат од клучно значење во оваа нова ера. Исто така способноста да се прилагодиме брзо на променливите околности ќе биде од голема важност. Тоа значи да бидеме подготвени да учиме нови вештини, да преземеме нови одговорности и во најлош случај да се насочиме кон нови кариерни патеки. Како што вештачката интелигенција станува се поприсутна, ќе има зголемена побарувачка за работници со специјализирани вештини и знаења. Со развивање на експертиза во одредена област, може да ја зголемиме својата вредност за работодавците и да се разликуваме на пазарот на трудот.
3 Заклучок
Вештачката интелигенција носи големи промени во светот на работата. Иако постои ризик од губење на одредени работни места, вештачката интелигенција исто така нуди многу можности за развој и напредок. Клучот е во прилагодување, учење и искористување на новите технологии на начин што ќе им користи на сите. Наместо да се гледа како закана, треба да се прифати како алатка што ќе помогне во подобрување на животниот стандард и создавање нови можности за
7
работа. Секоја работна професија треба да ја прифати, имајќи ги предвид ефикасните и економични решенија што ги носи. Се повеќе се користи во различни индустрии, вклучувајќи логистика, производство и сајбер безбедност. Таа им овозможува на луѓето да се фокусираат на покреативни цели преку автоматизирање на процесите на донесување одлуки и мачни задачи. Вештачката интелигенција нуди големо ветување дека ќе ги поттикне бизнисите напред, ќе ги автоматизира производствените процеси и ќе даде вредни сознанија.
4 Библиографија
Downie, A., & Hayes, M. (2024, October 16). AI in the workplace. IBM. https://www.ibm.com/think/topics/ai-in-the-workplace
Marr, B. (2019, December 16). The 10 best examples of how AI is already used in our everyday life. Forbes.
https://www.forbes.com/sites/bernardmarr/2019/12/16/the-10-best-examples-of-how ai-is-already-used-in-our-everyday-life/
Panel, E. (2025, February 25). Council Post: 18 Ways Leaders Can find Uninterrupted focus. Forbes.
https://www.forbes.com/councils/forbesbusinesscouncil/2025/02/25/18-ways leaders-can-find-uninterrupted-focus/
Rao, P. (2023, July 10). Charted: Changing Sentiments towards AI in the workplace. https://www.visualcapitalist.com/.
https://www.visualcapitalist.com/sentiment-towards-ai-in-workplace/ Talmage-Rostron, M. (2024, June 27). How will artificial intelligence affect jobs 2024-2030. Nexford University.
Проекти, У. Н. В. (2013, December 29). Вештачка интелигенција. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%8 7%D0%BA%D0%B0_%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D 0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0
8