СТЕМ и родовата еднаквост
Ива Макенаџиева
Вовед
Кратенката СТЕМ се однесува на полињата на Наука, Технологија, Инженерство и Математика. Терминот обично се користи во контекст на образовната политика или изборот на наставна програма во училиштата. Во современото општество СТЕМ игра важна улуга во развојот на економскиот и технолошкиот свет.
Сепак и покрај тоа што полињата од кои се состои СТЕМ се во развој долг период, застапеноста на женскиот пол е сеуште драстично помала одколку застапеноста на машкиот пол. 38% од жените кои се занимаваат со компјутери работат во компјутерски области, а само 24% од оние кои дипломирале инженерство работат во областа на инженерството.
Покај овој проблем, се среќаваме и со тоа дека жените во овие полиња се платени многу помалку одколку нивните колеги во истото поле на работа. Мажите со годишни плати на СТЕМ се речиси 15.000 долари годишно повисоки од жените (85.000 долари во споредба со 60.828 долари).
Кога зборуваме за родова еднаквост во СТЕМ, покрај жените, треба да се споменат и луѓето кои се членови на LGBTQ+ заедницата. Тие ги доживуваат истите проблеми со кои се среќаваат жените во ова поле на професија. Севкупните проценки сугерираат дека LGBTQ+ луѓето се приближно 20% помалку застапени во СТЕМ полињата отколку што се очекува. Не само ова, туку LGBTQ+ луѓето кои се дел од работната сила на СТЕМ известуваат за повеќе негативни искуства на работното место отколку нивните колеги кои не се LGBTQ+.
Во оваа семинарска работа ќе ги разгледаме првите чекори на жените во областите на СТЕМ и нивните колеги од LGBTQ+ заедницата, како и проблемите кои тие сеуште се среќаваат.
3
Првите жени кои направиле промена во СТЕМ
∙ Марија Кири – Добитничка на две Нобелови награди (Физика и Хемија) Марија Кири била француска физичарка со полско потекло, позната по својата работа на радиоактивноста и двапати добитничка на Нобеловата награда. Со Анри Бекерел и нејзиниот сопруг, Пјер Кири, таа била наградена со Нобеловата награда за физика во 1903 година. Таа била единствениот добитник на Нобеловата награда за хемија во 1911 година.
Таа била првата жена што ја добила Нобеловата награда и таа е единствената жена што добила награди во две различни области.
∙ Кетрин Џонсон, вселенски научник на НАСА
Легендарната математичарка на НАСА, Кетрин Џонсон, една од најзаслужните за првите американски мисии во вселената. Џонсон ја нарекувале „човечки компјутер“ поради способноста за брзо рачно решавање равенки.
Џонсон ги надминала сите облици на расна и родова дискриминација за да стане интегрален дел од раните обиди на НАСА за истражување на вселената.
∙ Ада Лавлејс, првиот програмер и математичар
Лавлејс е првиот човек кој го согледал потенцијалот на машините. Во 1843 година немало компјутери, но тоа не ја спречило талентираната математичарка Ада Лавлејс да биде препознаена како прв програмер.
Ада Лавлејс има значителен придонес кон сметачките машини и математиката. Нејзе ѝ се припишува првиот програм за „Analytical Engine“ креиран од Чарлс Бебиџ. Станува збор за механички сметач, каде г-ѓа Лавлејс вовела пресметка на бернулиевие броеви. Таа е позната за создавање на концептот на оперативен систем или софтвер.
Во 1980 година, Министерството за одбрана на САД го користи името “Ада” за нов стандардизиран компјутерски јазик, именуван во чест на Ада Лавлејс.
4
∙ Розалинд Френклин, 7 револуционерни откритија за ДНК
Розалинд Френклин била британска научничка најпозната по нејзиниот придонес во откривањето на молекуларната структура на деоксирибонуклеинската киселина (ДНК), составен дел на хромозомите што служи за кодирање на генетски информации. Таа ја открила густината на ДНК и, уште поважно, утврдила дека молекулата постоела во спирална конформација. Нејзината работа да направи појасни шеми на Х-зраци на молекулите на ДНК ја постави основата за сугестијата на Џејмс Вотсон и Френсис Крик дека ДНК е полимер со двојна спирала во 1953 година. Френклин, исто така, дала нов увид за структурата на вирусите, помагајќи да се постават темелите за полето на структурната вирологија.
∙ Грејс Хопер, пронаоѓач и компјутерски научник
Грејс била американски компјутерски научник и резервен Морнарички Адмирал на американската војска. Една од првите програмери на Харвард Марк I компјутерот, таа била еден од пионерите на компјутерското програмирање и таа го измислила еден од првите алатки поврзани со компајлерот. Таа ја популаризирала идејата за машинско-независните програмски јазици, што довело до развојот на COBOL, ран програмски јазик од високониво уште во употреба денес.
∙ Радиа Перлман, Интернет пионер
Радиа Џој Перлман била американски компјутерски програмер и мрежен инженер. Таа е главна фигура во склопувањето на мрежите и технологијата за да се овозможи она што сега го знаеме како Интернет.
Во 1976 година, Перлман започнала да дизајнира мрежни протоколи – правила што им се обезбедуваат на компјутерите кога тие комуницираат во групи. Таа, исто така, забележа дека алгоритмот за рутирање на ARPANET – претходникот на интернетот – нема стабилност, што го прави ранлив.
5
Членови на LGBTQ+ во СТЕМ
∙ Магнус Хиршфелд , сексолог и LGBTQ + активист
Германскиот сексолог Магнус Хиршфелд ги постави темелите за современите сфаќања за човечката сексуалност. Тој, исто така, ја основа првата светска организација за правата на хомосексуалците во Берлин.
Во 1897 година, Хиршфелд го основа Научниот хуманитарен комитет (SHC), кој ги оспоруваше хомофобните предрасуди, промовирал истражување за сексот и сексуалноста и лобираше за декриминализација на хомосексуалноста. Хиршфелд, исто така, бил пионер во истражувањето на сексот и сексуалноста и беше првиот човек што организираше научно истражување на квир луѓе. Во 1919 година, тој го создаде Институтот за сексуална наука (ISS). ISS набљудувале над 20.000 луѓе секоја година и давале совети за хомосексуалците и трансродовите луѓе, хормонални терапии, советување и операции за промена на полот.
∙ Алан Л. Харт, лекар, радиолог и романсиер
Револуционерната работа на Алан Л. Харт спаси илјадници луѓе од туберкулоза, една од најсмртоносните болести во светот на почетокот на 20 век. Во 1918 година, тој бил и првиот трансродовиот маж во Соединетите Држави кој премина преку операција. Тој беше првиот човек кој предложи употреба на рендгенски зраци за откривање на раните знаци на туберкулоза.
Неговата кариера како лекар и истражувач честопати беше тешка и нарушена со редовни пресврти. Харт беше избркан од поранешни колеги и студенти, што резултираше со затворање на неговата медицинска ординација во Орегон. Харт бил и успешен романсиер, пишувајќи за квир ликови во медицината. Неговата полуавтобиографска книга The Undraunted (1936) се фокусира на геј радиолог кој се соочува со дискриминација на работното место.
6
∙ Роберт Д. Макферсон и Марк Горски, математичари
Роберт Д. Макферсон и Марк Горски се неверојатни математичари. Во 1970-тите, заедно измислиле нова теорија, хомологија на вкрстување, која го трансформира полето на математиката.
Истражувањето на Макферсон и Горски целосно го промени начинот на кој математичарите ги разбираат сингуларитетите. Сингуларност е место или ентитет каде што вообичаените правила повеќе не важат. Црните дупки, на пример, се сингуларности и можеа претходно да се разберат само со пресметување на просторот околу нив. Благодарение на Горски и Макферсон, математичарите сега можат да ги разберат овие сложени феномени на подиректен начин. Преку нивната интензивна работа, Макферсон и Горски развија длабока врска. Тие живеат и работат како пар од 1980-тите.
∙ Сали Рајд, астронаут
Сали Рајд била најмладата астронаут на 32 години, во тој период, и првата жена Американка во вселената. По нејзината смрт се дознава дека таа била во 27-годишна врска со Там О’Шонеси, пријателка од детството и колешка научник. Ова ја прави Сали Рајд првиот познат LGBTQ+ астронаут. НАСА е формирана во 1958 година, но дури во 1977 година жените можеа да се приклучат на програмата за аеронаутика.
Работењето во НАСА има свои предизвици, но придонесите на Рајд во екипажот за поддршка на земја CAPCOM, а подоцна и во развојот на роботска рака за употреба во шатлот ѝ донесоа простор на мисијата во 1983 година.
7
Предизвици со родова еднаквост во СТЕМ
Како што наведовме во воведниот дел на оваа семинарска работа, жените и членовите на LGBTQ+ заедницата со дискриминирани на работните места во полињата на работа во СТЕМ.
Уште од првите моменти кога жените почнале да влегуваат во овие полиња тие не биле ценети за својот труд и голем дел од машката популација барале нивно отстранување. Таков пример е Марија Кири при номинирањето за Нобелова награда. Таа денес е позната како првата жена што имала докторат во Франција, првата жена што добила Нобелова награда, првата жена што добила повеќе од една Нобелова награда и првата личност што добила Нобелова награда во повеќе од една наука. Сепак, некои луѓе сметале дека таа не заслужувала да ја дели научната сцена со нејзините машки колеги. Членовите на Француската академија на науките ги номинирале само Пјер и Пекерел за наградата. Марија била вклучена откако Пјер ги убедил членовите на комитетот за Нобелова награда дека неговата сопруга заслужила да ја добие наградата. Повеќе од 150 години по нејзиното раѓање, Марија Кири останува една од најпознатите научнички во светот. Но таа била славна и додека била жива. Луѓето ја сметале за херој бидејќи била жена во наука во која речиси нема жени.
Вакви примери за дискриминација, за жал, има и денес.
Истите проблеми кои ги среќаваат жените во СТЕМ, ги среќаваат и членовите на LGBTQ+ заедницата. Тие во историјата често ја криеле својата сексуалност за да не бидат дискриминирани од своите колеги од таа причина. Често има случаи каде за сексуалноста на членот на LGBTQ+ заедницата се дознавало по нивната смрт или преку гласини кои не се потврдени дали се точни.
8
Заклучок
Иако изминаа повеќе декади во борбата за родова рамноправност на работното место, сеуште сме сведоци на малата застапеност на жените на полето на науката. Според базата на податоци на ОН само 30% од светските истражувачи се жени. Околу 17% од вработените во СТЕМ се жени и 5% од нив на лидерски позиции во технолошката индустрија. Објаснувањата за ниската застапеност на жените во СТЕМ се повеќе. Најнапред, дискриминацијата во науката и инжинерството се сеуште присутни. Мажите сеуште се сметаат за покомпетентни и пожелни за вработување од жените и покрај истото ниво на спрема и вештини.
Сеуште постојат стереотипи за типична машка и женска работа по однос на побарувања и предиспозиции. Стереотипниот научник или поединец во СТЕМ професиите во најчестите претстави е маж.
На жените исто така им недостасува пример за жени на ова поле. Сеуште е изненадувачки, особено кога гледаме голем пораст на придонесот на жените на академско ниво.
Историски гледано, многу LGBTQ+ луѓе го чувале својот пол или сексуалност скриени за да избегнат прогон или казнување. Потешко е да се најдат докази за квир животи во минатото, бидејќи историчари со предрасуди одбиле да ги документираат искуствата што ги сметале за срамни во тоа време.
Постојат многу организации кои се борат за родова рамноправност во СТЕМ бидејќи, како тие забележуваат, постои голема потреба од одреден женски допринос. Имиџот на „Машки клуб“ треба да се надмине бидејќи технолошкиот сектор игра важна улога во креирањето на нашата иднина. Затоа разноличноста и еднаквоста се есенцијални ако сакаме тоа да се одвива комплетно и свесно. Грејс Хопер : „Луѓето имаат невидено голем отпор кон промените. Тие обожаваат да кажат: Отсекогаш сме работеле на овој начин. Јас се обидувам да се изборам против тоа.“.
Поновите генерации треба да ја направат промената, за да има рабноправност при дискусијата за родова еднаквост во СТЕМ.
9
Референци
1. https://en.wikipedia.org/wiki/Science,_technology,_engineering,_and_mathematics 2. https://www.aauw.org/
3. https://www.stemwomen.com/lgbtq-plus-in-stem
4. https://sdk.mk/index.php/magazin/pochina-ketrin-dhonson-tsrnomuresta matematicharka-zasluzhna-za-prvite-misii-vo-vselenata/
5. https://www.internationalwomensday.com/Activity/7213/13-Women-in-STEM-Who Changed-the-World
6. https://it.mk/ada-lavlejs-prviot-programer/
7. https://mk.eferrit.com/%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84% D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B4%D0%B0-
%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D1%98%D1%81/
8. https://en.wikipedia.org/wiki/Radia_Perlman
9. https://www.fastcompany.com/90615239/radia-perlman-internet-pioneer-gender-bias 10. https://www.britannica.com/biography/Marie-Curie
11. https://www.fakulteti.mk/news/08032020/interesni-fakti-za-marija-kiri-i-nejzinoto semejstvo
12. https://codefirstgirls.com/blog/tech-women-in-stem-to-know/
13. https://www.britannica.com/biography/Rosalind-Franklin
14. https://voiceskopje.org/2020/06/08/%D0%BD%D0%B5j%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0 %B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8k%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B0- %D0%B3%D1%80%D0%B5j%D1%81-%D1%85%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80/
15. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%80%D0%B5%D1%98%D1%81_%D0%A5%D 0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80
16. https://www.liverpoolmuseums.org.uk/stories/lgbtq-people-stem
17. https://www.reuters.com/article/lifestyle/after-death-sally-ride-reveals-she-was-gay idUSBRE86M1C5/
10