Патот до бесмртноста со развојот нa технологијата и вештачката интелигенција

Published by

on

Леон Асановски

1. Вовед

Човековиот живот е најголемиот сопствен подарок кој секој од нас го поседува, за време на целото индивидуално постоење. Но во еден момент, сето тоа, сакале или не, згаснува и веќе не постои никаква трага за таа човечка душа, освен мемориите во кои луѓето живеат вечно и се сеќаваат на убавите моменти поминати со починатите. 

Уште од најраниот развој на нашата планета, постоеле цивилизации, како на пример еѓипјаните, кои верувале во „живот после смрт“, кој поим се објаснува како некоја претпоставка дека животот не завршува на земјата, туку постои продолжеток по смртта на човековото тело, во некоја недокажана и невидена сфера. Некои религии/толкувачки заедници тоа го опишуваат како спиритуално царство, а други како пренесување на истиот дух, само во друго тело. Па така, овие верувања постојат, некои луѓе се ослонуваат врз нив и веруваат дека сепак животот не згаснува засекогаш, туку некаде, постои таа личност и еден ден повторно ќе се соединат.

2. Развојот на технологијата и вештачката интелигенција низ годините

Во денешно време, светскиот поредок е сведок како технологијата доживува сѐ поекспоненцијален развој, а со себе повлекува нови пронајдоци и револуција во бројни области. Така, благодарение на развојот, паралелно генерациите сведочеа на постепената појава на вештачката интелигенција, што како концепт и пронајдок овозможи да се создадат бројни револутивни технологии кои го олеснија секојдневниот живот, работата на луѓето, комуникацијата, брзината на извршување на нештата и сл.

Сигурно специјалистите кои се занимаваат со оваа област, барем во еден наврат го поставиле прашањето „Што ако се овозможи дигиталната бесмртност на човекот?“. Оваа идеја можеби за обичните луѓе звучи нереално, како нешто од областа на научна фантастика, но ите како може да се размислува на можноста да стане реалност и да се овозможи продолжување на постоењето на човекот и по неговата смрт.

3. Научна фантастика и користење на CGI

Ако тргнеме од нешто кое би не навело дека оваа идеја можеби и навистина може да се реализира и да доведе до уште еден бран на технолошка револуција, да појдеме од филмовите, конкретно „Avatar“.

Во 2009 година, еден од култните режисери во ерата на кинематографијата – Џејмс Камерон, го изрежирал овој филм, кој се смета за револуција во своето време, ако се земе во предвид достапната технологија со која е снимен и монтиран филмот. Накратко, главниот лик Џек Сули е амерички маринец, инвалид, кој е ангажиран во проект каде човечки колонии ја истражуваат и експлоатираат планетата Пандора, на која живеат суштествата Нави. Тие се поврзуваат со суштеството на таа планета, употребувајќи некаква хибернација и инкубатори, односно истиот дух е владетел на своето физичко тело на земјата и телото на планетата Нави.

Иако пораката на филмот е да се покаже емпатија и добрина како особини, сепак овој филм претставува и револуција за човекот да почне да размислува на тој начин што можеби и такво нешто да се создаде е возможно во стварноста. Вештачката интелигенција е исто така и револуционерно оружје во експоненцијалниот развој на CGI (computer generated imagery), што овозможува да се создаваат околини, кои можеби наликуваат на нешто непостоечко, нешто имагинарно, односно оваа алатка нуди секоја имагинација да се визуелизира.

Исто така тука не смее да се заборават и култните филмови „The Matrix“, каде е силно нагласен фактот дека човечката свест може да се зачува некаде и да постои во некаков виртуелен свет. Реалноста е симулирана од суперкомпјутери и тие ја создават виртуелната околина за егзистенција, а вистинската свест постои на земјата.

Денеска нивото на развиеност на овие технологии се уште поблиску до доловување на нешто толку реалистично, а човекот со својата способност да создава нови работи е на прагот на новата ера. 

4. Виртуелниот живот по смртта

Денеска, веќе некои компании имаат направено обид да помогнат на луѓето да се овозможи т.н „дигитален живот по нивната смрт“.

Пример за тоа се Apple, Meta и Google кои како компании нудат алатки кои овозможуваат пристап (со дозвола од самата индивидуа) до сите податоци и профили кои се во приватност на некоја личност на неговите електронски уреди кои ги употребува во секојдневието, како што е телефон, лаптоп, таблет, паметни часовници и сл.

Потоа се споменува и Microsoft, кои имаат патентирано системи кои исто така зимаат дигитални податоци од различни извори, ги употребуваат за да се креираат паметни chatbots. Тие се однесуваат во говорот речиси како луѓето.

Како нешто пофасцинантно, поуникатно и поиновациски е приказната за Јужно Корејската компанија која успеала да создаде околина во која мајката која ја губи својата ќерка, успева во некаква си виртуелна околина да образи комуникација, имајќи нешто најблиску до реална комуникација. Оваа приказна и случка е снимена во документарецот со наслов „Meeting You“.

South Korean TV 'reunites' mother with dead daughter in VR show

Слика 1 Фотографија-инсерт од филмот „ Meeting You “

Ова е само еден од примерите кои звучат на научна-фантастика, но се стварност и постојат денес. 

5. Методи за дигитална бесмртност

Откако се воспостави фактот дека ова некаде постои, дека некој веќе се обидува да создава виртуелни верзии од луѓето, потребно е да се споменат и методите како се изведуваат сите тие постапки.

Една од поамбициозните идеи е Mind Uploading – клонирање на целиот човечки ум во дигитална форма. Иако медицината и технологијата не се се уште доволно развиени да го проучат мозокот на човекот, кој е екстремно сложен и се уште неможе да се дадат многу заклучоци и ставови околу тоа кои се се неговите способности и како функционира, сепак научниците се обидуваат да го мапираат мозокот со т.н невронски конекции. Овие обиди се повеќе теоретски, бидејќи се уште не се познати ризиците и последиците од изведување на вакво нешто, но фактот дека идејата постои, ќе ги мотивира да се обидат да прогресираат и да го реализираат во правиот момент.Mind uploading » Sustensis

Дигиталните двојници се концепт, каде научниците прават анализа на целокупното податочно множество што може да се собере за една личност и да дојдат до некаква веродостојна верзија при создавање на клон верзија. Постојат некои ботови, како на пример HereAfter AI. Оваа платформа користи вештачка интелигенција за да ги анализира податоците за некоја личност и создава виртуелна симулација. Така некои луѓе може ова да го употребат за да се почуствуваат дека се потсеќаат на некого кој веќе не постои во нивниот живот. Инаку и самиот поим Hereafter се преведува како светот после смртта, што е и инспирација за создавање на овој chatbot.

A person touching a person's hand

AI-generated content may be incorrect.

Слика 3 Визуелизација на принципот „Дигитален двојник “

Исто така, нешто што речиси е најблиску до сите нас е постоењето на VR (virtual reality), каде со создавањето на овој уред се симулира виртуелна околина со слика, со звук, со симулации, каде човекот се осеќа како да се наоѓа таму, а во суштина е само еден екран. Со употребата на оваа метода бил снимен и погоре-споменатиот документарец „Meeting You “.

6. Трансхуманизмот како интелектуално движење – залагање за живот после смртта

Ова движење или уште филозофија се залага да го усоврши човечкото битие преку подобрување на неговиот физикус и ментален склоп, користејќи ги сите технолошки пронајдоци и алатки, како и во најново време вештачката интелигенција. Една од тематиките со кои оперира трансхуманизмот е токму „продолжување на животот на човекот и евентуално постигнување на бесмртност“. Познато биолошко правило, кое сеуште не е побиено е дека човеко се раѓа, расте, се развива, старее и на крајот умира. Епа, трансхуманистите тврдат дека оваа сегашна состојба, која според постоечките факти трае од почетокот на човековото постоење, не е финална, односно дека човекот ќе постане суштество со поголеми способности од денес. Според нив, ваквото темпо на развивање на технологијата и вештачката интелигенција, како и постепениот развој на медицината, може да биде чекор кон еден нов еволутивен период. Тоа би значело дека човечката свест практично нема да биде ограничена со егзистенцијата само во физичкото тело, туку ќе може да продолжи во дигитална форма. Така, во тој виртуелен свет ќе продолжи животот на човечката свест и развивањето, по што би се достигнала некоја си варијанта на „бесмртност“.

Како едно од најпознатите имиња меѓу трансхуманисите е сопственикот на Тесла – Елон Маск, кој со своите иновации во 21 век, ја пројавува можноста човечкиот ум да е поврзан со вештачката интелигенција и да биде целосно дигитализиран, продолжувајќи во „нова човечка форма со иста свест“, водена од технологиите.

Трансхуманизам - креирање натчовек како нова раса - Нова Македонија

Слика 5 Филозофијата на трансхуманизмот

опишана во една фотографија

7. Предности и недостатоци

Главната предност, која е и мотив за создавање на нешто вакво е продолжување на животот, што ќе овозможи пренесување на човечката свест и степенот на развој на човековото рацио во некоја друга димензија, некаква друга форма на живот, што ќе им овозможи на луѓето да останат во контакт со своите најмили, дури и после нивната смрт на земјата. Ова ќе доведе до будење на високо ниво на емоционална утеха кај луѓето, што е од голема важност за нивното ментално здравје и сносувањето на последици по ваква човечка загуба. Исто така, овозможувањето на живот после смрт со вештачката интелигенција, би придонело значително и во областа на медицината, особено во области како биоинженеринг и невронаука.

Како и сѐ, така и ова би имало недостатоци доколку би се создало. Ќе се појави ризик за злоупотреба на лични податоци, што не е во склоп со етичките правила. Тогаш идентитетот на луѓето и личната приватност можеби би бил во опасност од страни напади и злоупотребувања. Исто така, како недостаток се смета и технолошкиот развој, кој за сега, можеби е на највисоко ниво, но сепак постои шансата овој степен на развој да не е доволен да се создадат целосни симулации, виртуелни околини на подолг период и симулации кои ќе ги задоволат замислите на луѓето. The Dark Side Of Artificial Intelligence: Unveiling Its Negative Impact

Ова може да доведе и до таков степен на развој, каде човекот ќе биде зависен во секој аспект од технолошките пронајдоци и вештачката интелигенција. Ова ќе доведе до целосно слугување за да ја овозможи својата егзистенцијалност и постоење, односно ќе си ја одземе слободата и извитопери принципот на живеењето за нешто кое сам го создал и губи контрола врз него. 

8. Заклучок

По сѐ, може да се каже дека неизбежно е со развојот на науката, на технологијата, вештачката интелигенција и машинското учење, земјата и човекот ќе претрпуваат сѐ поголеми промени. Од една страна, тие ќе го олеснуваат животот, но од друга страна може да претставуваат и опасност за егзистенцијалноста и постоењето на популацијата. Човекот, со неговата способност да мисли и да се надоградува успеал да развие и да пронајде напредни технологии и вештачка интелигенција, чија примена е сѐ почеста во денешно време. Но во еден момент, доколку се изгуби контрола врз сето тоа, може да настане општи хаос на светот, што во принцип се сведува на потенцијална закана за крај на постоењето. 

Овој парадокс, ги доведува луѓето да се најдат во лимбо ситуација, каде размислуваат дали навистина футуристичките уреди и научно-фантастичните откритија и нивно постоење, ќе го подобрат и олеснат општо животот и постоењето, или може да го загрозат постоењето на човекот. 

Создавањето на концептот „живот после смрт“ со вештачката интелигенција е сѐ поверојатно дека би се случило, што би било огромен напредок за развојот. Но сепак, сето тоа мора да биде контролирано, по соодветно дефинирани стандарди, да биде етички, со цел да не настане некаква безизлезна ситуација каде луѓето ќе бидат во опасност за нивниот опстанок.

9. Користена литература