Ристо Решков
1. Родова еднаквост, поим и дефиниција
Родова еднаквост е начело на социјалната филозофија која подразбира еднаквост меѓу половите, односно еднаква рамноправност на мажот и жената во друштвениот , политичкиот и општествен живот.
Родовата еднаквост претпоставува дека во едно друштво,заедница или организација постојат еднакви можности за мажите и жените да придонесат кон културниот,политички,економски и социјален напредок,како и да уживаат во сите користи и бенефиции од напредокот на заедницата во која придонесуваат.
Начелото на родова рамноправност е едно од темелните човечки права.
Полот се добива со раѓањето и се доживува како добиена биолошка карактеристика,додека пак родот не е поврзан со биологијата,тој е стекнат низ искуството на социјализацијата, се однесува на сите разлики меѓу мажот и жената кои произлегуваат од друштвените очекувања во врска со способностите,интересите и ставовите за идентитетот кој го поседуваат.
1.1 Дефиниција на родова еднаквост според УНИЦЕФ
УНИЦЕФ вели дека родовата еднаквост „значи дека жените и мажите, а и девојчињата и момчињата, уживаат исти права, ресурси, можности и заштита. Не бара девојчињата и момчињата, или жените и мажите, да бидат исти, или да бидат третирани идентично“.На сличен начин Меѓународната организација на трудот ја дефинира родовата еднаквост, односно како „уживањето на еднакви права, шанси и третман на мажите и жените, на момчињата и девојчињата во сите сфери на животот“.
Поимот„родова еднаквост“ е целта, додека поимот„родова неутралност“ и „родова праведност“ се практики и начини на размислување кои помагаат за постигнување на целта.
Од 2017 година, глобалното движење за родова еднаквост не го вклучило предлогот на родови покрај жени и мажи, или родови идентитети надвор од родовите бинарни. Тесно поврзан поим е „еднаков третман“ којшто означува отсуство на директна и индиректна дискриминација врз основа на полот.
1
1.2 Родовата еднаквост како цел за одржлив развој
Од 2017 година, родовата еднаквост е петта од седумнаесетте цели за одржлив развој на Обединетите нации. Родовата еднаквост се мери на годишно ниво со Извештаите за човечки развој на Програмата на Обединетите нации.
Целите за одржлив развој се група од 17 цели во врска со меѓународниот развој во иднина. Целите биле утврдени од страна на Обединетите нации и се промовирани како „Глобални цели за одржлив развој“. Тие ги замениле Милениумските развојни цели, чијшто временски период на исполнување завршил на крајот од 2015 година. Целите за одржлив развој се спроведуваат од 2015 до 2030 година. Се состојат од 169 потцели и 247 показатели за мерење на напредокот кон нивното постигнување.
Петта цел за одржлив развој – Цел за одржлив развој 5 – којашто има за цел постигнување „родова еднаквост“. Официјалниот текст гласи: „да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат жените и девојчињата“.
Целта за одржлив развој 5 се стреми да им обезбеди на жените и девојките еднакви права, можности да живеат слободно, без дискриминацијаили каков било облик на насилство. Ова е во насока да се постигне родова еднаквост и да се ополномоштат сите жени и девојки. Целта има потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година заради остварување одржлив развој.
Пандемијата на корона вирусот силно ги погодила жените со оглед на тоа што се поранливи и имаат ограничен пристап до лекување.
Родовата еднаквост до 2030 година бара преземање активности во насока на отстранување многу коренити причини за дискриминација коишто ги ограничуваат женските права во приватната и јавната сфера на живеење. Отстранувањето на насилството по родова основа е приоритет имајќи предвид дека претставува нарушување на човековите права. Обврзаноста да се унапреди родовата еднаквост има предизвикано подобрувања во некои подрачја, но тезата за свет во којшто секоја жена и девојка уживаат целосна родова еднаквост сè уште потфрла.
2
1.3 Мерење на родова еднаквост
Родовата еднаквост се мери со помош на рамка која оценува четири клучни области: политичко зајакнување, образовни достигнувања, здравје и опстанок, и економско учество и можности.
Родовиот паритет, кој се користи за мерење на родовата рамнотежа во дадена ситуација, може да помогне во постигнување на родова еднаквост, но не е целта сама по себе. Родовата еднаквост е повеќе од еднаква застапеност, таа е силно врзана за правата на жените и честопати бара промени во политиката.
Извештајот за Глобалниот родовиот јаз, кој годишно го објавува Светскиот економски форум, ги анализира овие фактори за да го оцени напредокот кон родовата еднаквост. Извештајот го нагласува степенот на родови разлики и забележува дека иако некои нации направиле значителни чекори, има уште долг пат да се помине за да се постигне целосна родова еднаквост.
1.4. Родовата еднаквост во Република Македонија
Родовото интегрирање претставува интегрирање на перспективата на родова еднаквост во секоја фаза на политичкиот процес – дизајнирање, имплементација, мониторинг и евалуација – со цел да се подобри еднаквоста помеѓу жените и мажите. Тоа значи проценка на влијанието на политиките врз жените и мажите и, доколку е тоа неопходно, преземање чекори за промена на политиките. Целта е родовата еднаквост да стане реалност и да се подобри процесот на креирање на политиките преку нивно приближување кон потребите на граѓаните. Резултатот на систематско интегрирање на приоритетите и потребите на жените и мажите во сите политики е со цел да се унапреди еднаквоста помеѓу жените и мажите и да се мобилизираат сите генерални политики и специфични мерки за постигнување еднаквост и притоа активно и отворено да се земат предвид во фазата на планирање на нивните ефекти врз ситуацијата на жените и мажите одделно при имплементацијата, мониторингот и евалуацијата.
3
1.5. Родовата еднаквост – импакт и имплементација на Европска Унија
Од своето формирање, Европската Унија се залага за еднаквост помеѓу мажите и жените, а родовата еднаквост е позиционирана како едно од фундаменталните начела кои се инкорпорирани во сите договори за воспоставување на ЕУ.
Во 2009 година, Договорот од Лисабон уште еднаш ја потврди важноста на родовата еднаквост во Европската Унија. Еднаквоста помеѓу мажите и жените претставува една од заедничките вредности на кои се заснова Европската Унија .
Лисабонскиот договор јасно ја нагласува обврската за обезбедување на родова еднаквост и на Унијата и на државите членки.
Во 1957 година, Договорот за воспоставување на Европската економска заедница, од која потекнува сегашната ЕУ, содржеше само една единствена одредба (за родова дискриминација, имено начелото на еднаква плата на мажите и жените за еднаква работа .
Родовото интегрирање претставува интегрирање на перспективата на родова еднаквост во секоја фаза на политичкиот процес – дизајнирање, имплементација, мониторинг и евалуација – со цел да се подобри еднаквоста помеѓу жените и мажите. Тоа значи проценка на влијанието на политиките врз жените и мажите и, доколку е тоа неопходно, преземање чекори за промена на политиките.
Целта е родовата еднаквост да стане реалност и да се подобри процесот на креирање на политиките преку нивно приближување кон потребите на граѓаните.
2. Родова еднаквост во ИТ индустријата
Живееме во ера каде дигиталната трансформација не е луксуз туку потреба, па така центарот на вниманието е насочено кон ИТ професионалците. Додека водечките компании низ индустриите вршат притисок за понатамошно усовршување на дигиталните технологии, побарувачката на пазарот на труд на ИТ професионалците се повеќе е во фаза на експанзија.
4
Голема родова нееднаквост низ историјата вреди да се спомене креирањето на ENIAC – компјутерска машина чија намена е да и помогне на америчката армија во калкулации на сложени балистички табели за време на војна. ENIAC бил креиран во 1942 година од страна на 6 жени математичарки, кои биле избрани да работат на оваа машина, воедно и една од првите електронски компјутери. И покрај тоа што овој проект бил доста
сложен и биле потребни години за да биде пуштен во употреба, кога тој конечно бил пуштен во употреба на шесте програмерки/математичарки основачки не им била дадена никаква заслуга и награда.
2.1 Подемот на ИТ во 21 век и родовата еднаквост
Според најновите истражувања направени во 2024 година, работната сила во САД е речиси 50/50 помеѓу мажите и жените,
Во 2022 година, застапеноста на жените во ИТ секторот на светско ниво беше проценета на околу 27.6%/
Аналитирачите тврдат дека дури и при постојана стапка од речиси 5% годишно, ќе бидат потребни приближно 12 години за да се постигне родова еднаквост во ИТ индустријата.
Кога станува збор за најголемите компании на светско ниво од групацијата GAFAM (Google, Apple, Facebook, Amazon и Microsoft), само 24% од вработените лица во ИТ секторите се жени.
Според направени истражувања , најголема процентуална застапеност на жените има во Amazon, но сепак оваа компанија не пријавила бројки за стапката на жени во технолошкиот сектор, а само 29% од лидерските позиции на Амазон се од жени. Позитивен е фактот што скоро половина од лицата дипломирани од информатичките науки се жени, но со околу една четвртина од работните места поврзани со компјутери кои ги имаат жените, релативно мал процент од оние кои дипломираат започнуваат да работат во оваа индустрија. Загрижувачки е фактот што дури 50% од жените во оваа индустрија ја напуштаат својата работа на околу 35 годишна возраст.
5
Според спроведени анкети и истражувања за секоја жена која што работи на повисока позиција, постојат шест мажи кои работат на истата таа позиција.
2.2. ИТ индустријата во Македонија и родовата еднаквост
Индустријата за информациски и комуникациски технологии важи за една од најбрзо растечките индустрии, како и за најпросперитетна професија на денешницата, како и во светот така и во Македонија. Исто така информациониот сектор се уште се перцепира како доминантно „машка“ сфера и професија и родовиот јаз во областа е се уште значителен и влијае врз образованиети, вработувањето и напредувањето на жените. Според одредени статистики направени во Македонија, иако информационите компании бележат голем пораст на бројот на жени, тоа во голема мера се должи и на вработување на жени на работни позиции поврзани со човечки ресурси, администрација, маркетинг, а значајно помалку со програмерство. Токму програмерите се едни од најплатените во оваа сфера. Во информациониот сектор во Македонија само 27% се жени, додека на раководни позиции се само 12%, а и бројот на жени кои ги напуштаат своите работни позиции во оваа индустрија е значајно поголем од бројот на мажи.
6
2.3. Студија на случај – Родовата застапеност на ФИНКИ
Доколку се земат бројките од последните 10 години (од 2012 до 2022) на запишани студенти на ФИНКИ, просекот покажува дека на овој технички факултет се запишуваат 31% жени, а 69% мажи.
3 . Предизвици и стереотипи кон родовата еднаквост
Стереотипот е широко прифатена проценка или пристрасност за некоја личност или група – иако е премногу поедноставен и не секогаш точен. Стереотипите за полот може да предизвикаат нееднаков и нефер третман поради полот на една личност. Ова се нарекува сексизам.
Родовите стереотипи претставуваат генерализирано гледиште или предрасуди за атрибутите или карактеристиките, или за улогите кои се или треба да ги поседуваат, или да ги извршуваат жените и мажите. Родовиот стереотип е штетен кога го ограничува капацитетот на жените и мажите да ги развиваат своите лични способности, да ги извршуваат своите професионални кариери и/или да прават избор за нивниот живот.
Според оваа претпоставка, ако мажот или жената постапуваат поинаку од тоа како се очекува нивниот пол да се однесува, постои исклучување од страна на општеството.
7
Постојат четири основни вида родови стереотипи:
Карактеристики на личноста
Домашно однесување
Професии
Физички изглед
Стереотипите, предрасудите и дискриминацијата често произлегуваат од:
Патријархалното воспитување и образование;
Нееднаквости во општеството;
Идеи, претпоставки, верувања и ставови за други луѓе/групи, најчесто стекнати или научени под влијание на семејството, на пријателите, на врсниците и/или на медиумите
Затвореноста кон различностите, кон поинаквите/различните од нас луѓе, различните идеи, различните начини на живеење и сл.
Родовата дискриминација се јавува кога некое лице е третирано негативно или нееднакво, му се ускратуваат одредени можности и права и/или кон лицето се има предрасуда врз основа на неговиот/нејзиниот пол или родов идентитет. Со цел да ги разбереме постојните бариери и предизвици поврзани со родот, возраста и маргинализацијата со кои се соочуваат засегнатите страни, во ова истражување, се гледа на родот од објективот на интерсекционалност со цел да се развие длабоко разбирање на општествените нееднаквости, вклучувајќи ги заедниците и системите во кои живееме, се образоваме, работиме, а преку карактеристиките на родот, возраста и социјалната маргинализација.
8
3.1. Статистички наоди за распространетоста на стереотипите
Повеќе од 90% од младите, независно од полот, слушнале за терминот родова еднаквост, но сепак не се доволно запознаени со неговото значење.
Секој трет млад маж верува дека во нашето општество мажите и жените имаат еднаков третман, односно за нив не постои родова нееднаквост.
За повеќе од половина од испитаниците, млади, мажи и жени немаат еднаков третман во Република Северна Македонија.
Мнозинството млади жени како и повеќе од половина од младите мажи сметаат дека нема родова еднаквост во Република Северна Македонија. Свеста за родовата стереотипизација е развиена кај младите.
Мнозинството од испитаниците/испитаничките се свесни за штетноста на родовите стереотипи, . Секој трет млад човек лично искусил родово стереотипно однесување и негативни влијанија од него, а почесто родовите стереотипи ги искусуваат младите жени.
Родово стереотипното однесување е почесто искусено од младите од малцинските етнички заедници, па така голем процент од младите сметаат дека родовите стереотипи се присутни во нивното најблиско опкружување. Во однос на тоа каде ги учат, слушаат и гледаат родовите стереотипи и каде младите сметаат дека најчесто се појавуваат, на прво место е кругот на семејството, по што следат социјалните медиуми и образовните институции. Девојчињата многу почесто ги забележуваат родовите стереотипи кои несразмерно повеќе ги погодуваат во образовниот процес.
Родовите стереотипи се присутни на пазарот на трудот во Северна Македонија, па така постои и родова професионална сегрегација што значи дека жените и мажите имаат тенденција да бидат значително позастапени во одредени сектори, па така жените преовладуваат во финансискиот, образовниот и во здравствениот сектор, додека големо мнозинство од вработените во рударството, градежништвото и во транспортот се мажи.
3.2 Студија на случај – Како да се подобри статусот на девојките/жените во општеството?
Младите беа прашани и за начините на кои сметаат дека може да се подобри статусот на девојките и жените во општеството, а тие ги дадоа следниве препораки:
Да се креира поволна средина за поголем активизам на младите девојки/жени на локално ниво
Да се унапаредат условите во образовниот систем и да се креираат можности за вработување
Да се овозможи поголем пристап до информации за можности кои се нудат за жените/девојките
Да се обезбедат фондови за јакнење капацитети и меки вештини, потребни за вработливост кај девојките/жените
Екстремните родови стереотипи се штетни бидејќи не им дозволуваат на луѓето целосно да се изразат себеси и своите емоции.
Стереотипите се рушат од самите нас, треба да ги почитуваме луѓето без разлика на нивниот родов идентитет. Создадени сме во општеството да функционираме за себе но со останатите, треба да создадеме безбеден простор за живеење,луѓето да се изразат себеси и своите квалитети без оглед на родовите стереотипи и очекувањата наметнати од страна на општеството. Бидејки родовата нееднаквост резултира со тоа што не им дозволуваме на луѓето да го кажат своето мислење, а на крајот на краиштата, тоа ја кочи и ја компромитира нивната иднина.
10
3.3. Импактот на ИТ на родовата еднаквост
Интернетот во ново време нуди можности за решавање на сите предизвици со кои човекот се соочува.Некои од главните начини на кои интернетот и технологијата помагаат во подобрување на родовата еднаквост се :
Образование и обука
Интернетот и технологијата обезбедуваат можности за далечинско учење и обука, што е особено значајно за жените и може да им помогнат да ги развијат своите вештини и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на трудот.
Пристап до информации
Преку интернетот, жените може да добијат пристап до важни информации преку мобилни апликации или електронски платформи.
Економски можности
Интернетот обезбедува нови можности за жените да започнат и управуваат со свои бизниси, преку интернетот и мобилните платформи, жените може да дојдат до пазарите, да продаваат свои производи или да се вклучат во e-commerce.
Пристап до информации за здравство и услуги
Интернетот може да помогне во подобрување на пристапот на жените до здравствени услуги, особено во руралните области каде што физичката инфраструктура е ограничена.
Подигнување на свеста за родова еднаквост
Интернетот и социјалните мрежи можат да бидат моќни алатки за креирање на кампањи за подигнување на свеста за родова еднаквост и промовирање на правата на жените. Со помош на овие платформи, жените може да се организираат, разменуваат искуства и да се залагаат за своите права.
11
4. ЗАКЛУЧОК
Со цел да се прошири дијапазонот на знаење за родовата еднаквост , или нееднаквост во светот, изборот на тема се сведе на разгледување на поврзаноста на ИТ со родовата еднаквост во 21 век,како и предизвиците и стереотипите кои истата поврзаност ги создава.
Свесни сме дека и покрај развојот на технологии, на движењето кон нови изуми и иновации , сеуште е табу тема еднаквоста меѓу мажите и жените.
Заклучивме дека – напредокот постои, со мала стапка на раст на светски рамки, оската на промени во окружувањето со цел намалување на стереотипите кои самото општество ги создава – во мал процент движи но и стагнира .
Вметнувањето на некои веќе постоечки студии на случај на целата обработка додадоа статистичка слика на тоа како мажите и жените се родово распространети во секторите во кои функционираат,во општествата во кои живеат, за идеите за кои расудуваат.
Заклучокот се сведува на тоа дека секоја единка е значајна за интегрирање на родовата еднаквост во секоја фаза од живеењето. Целта е долгогодишна и се темели на подобрување на еднаквоста меѓу мажите и жените, без постоење на стереотипи кои ја искривуваат сликата на идеал за родова еднаквост во светот.
12
5. БИБЛИОГРАФИЈА
https://www.dhakatribune.com/feature/352146/importance-of-digital-literacy for-rural-women https://www.emedhealthtech.com/how-telemedicine-safeguards-womens-health in-rural areas/
European Commission. Directorate-General for Employment, Social Affairs and Equal Opportunities. Unit G.1., 2008, Manual for gender mainstreaming: Employment, social inclusion and social protection policies, Office for Official Publications of the European Communities, Luxembourg
Gender stereotyping – OHCHR and women’s human rights and gender equality – https://www.ohchr.org/en/women/gender-stereotyping 21. Gender equality law centre
https://nms.org.mk/wp-content/uploads/2023/10/MKD-Analiza-Rodova-neednakvost-kaj mladite.pdf
13