Како родовите стереотипи влијаат  врз изборот на STEM професии 

Published by

on

Моника Габрешанец 

1.Вовед 

Родовата еднаквост не е само основно човеково право, туку и неопходен  темел за мирен, праведен, напреден и одржлив свет.Еднаквиот пристап до  образование, вработување и можности за професионален развој е клучен за  создавање општество во кое сите поединци, независно од полот, можат целосно  да го искористат својот потенцијал. 

Родовите стереотипи претставуваат збир на општествени очекувања и верувања  за улогите, карактеристиките и способностите на мажите и жените. Тие често се  вкоренети во традиционалните норми и влијаат врз различни аспекти на животот,  вклучувајќи го и професионалниот избор. 

STEM професиите играат клучна улога во современото општество, придонесувајќи  за економскиот развој, технолошките иновации и глобалниот напредок. Сепак,  статистиките покажуваат дека жените се значително помалку застапени во овие  области, што е резултат на длабоко вкоренетите родови предрасуди. Овие  стереотипи започнуваат уште од најраната возраст преку воспитанието,  образованието и медиумите, што доведува до ограничени избори и можностите за  жените во STEM областите. 

Во ова семинарска работа ги истражувам факторите кои придонесуваат за оваа  нееднаквост, пречките со кои се соочуваат жените во STEM професиите, како и  можните решенија за надминување на родовите бариери. Преку анализа на  историскиот контекст, образовниот систем, работната средина и различните  иницијативи за поттикнување на жените во STEM, ќе дојдам до појасна слика за  тоа како да се постигне поголема родова еднаквост во овие професии.

2. Историски преглед на STEM професиите и родовата  еднаквост во нив 

Учеството на жените во науката, технологијата, инженерството и  математиката (STEM) низ историјата било ограничено и недоволно  документирано. Иако постоеле исклучоци, оваа состојба опстојувала сè до  значајните општествени промени што започнале во 1970-тите години.  Истражувачите разгледувале различни причини за ова ограничување, вклучувајќи  ги вкоренетите родови улоги, половата дискриминација и психолошките разлики  помеѓу половите. Во исто време, историчарите на науката вложувале напори да ги  откријат и истакнат недоволно признатите придонеси на жените во овие полиња. 

Иако развојот на индустриската технологија бил доминиран од мажи, постојат  бројни примери на значаен придонес на жени во инженерството и технологијата.  Еден од најистакнатите примери е Ада Лавлејс – англиска математичарка која се  смета за првата компјутерска програмерка во историјата. Во средината на 19 век,  таа работела на аналитичкиот мотор на Чарлс Бебеџ – механички компјутер што  никогаш не бил изграден, но кој претставувал револуционерен концепт за своето  време. Ада создала алгоритам наменет за обработка од овој уред, со што се смета  за пионерка во областа на компјутерските науки. 

Терминот STEM првпат бил употребен во 2001 година од биологот и  администраторката Џудит Рамалеј, додека работела во Националната фондација  за наука (NSF). Сепак, развојот на STEM образованието започнал многу порано.  Со Мориловиот акт од 1862 година се создадени универзитети во САД посветени  на агрикултурните науки, а подоцна нивните програми се прошириле и на  инженерството. 

Следен голем чекор во развојот на STEM била Втората светска војна, кога воени и  академски иновации, како што се атомското оружје и синтетичката гума, го  засилиле технолошкиот напредок. Но, вистинскиот подем се случил со  лансирањето на советскиот сателит Спутник во 1957 година, што ја поттикнало  САД да инвестира во научен напредок. Ова резултирало со основањето на НАСА  во 1958 година, под водство на претседателот Ајзенхауер, а претседателот Кенеди  продолжил со поддршката за науката, што доведе до слетувањето на Месечината  во 1969 година. 

1970-тите и 1980-тите донесле значителни научни и технолошки достигнувања,  како што се првото вештачко срце, првиот мобилен телефон, првата вселенска  шатл-мисија и првиот персонален компјутер. Во 1990-тите години, фокусот се  насочил кон образованието, со цел подобра подготовка на учениците за STEM  кариери.

Покрај образованието, во текот на 21-от век, STEM професиите се зголемиле три  пати побрзо од останатите професии. Сепак, нееднаквоста останува проблем: во  2019 година, жените сочинувале само 27% од STEM работната сила. 

Од почетоците во 19-тиот век, па сè до денес, постигнат е значителен напредок  кон инклузивност во STEM, но предизвиците сè уште постојат. 

2.1. Тековна состојба на родовата еднаквост во STEM професиите  

забележува напредок во родовата  

Иако во последните децении се застапеност во STEM професиите,  

родовиот јаз останува значаен и  

перзистентен. Според извештајот на  

UNESCO од 2024 година Changing the  

equation: Securing STEM futures for  

women, жените сè уште сочинуваат  

само една третина од глобалната  

научна заедница, и тој процент  

речиси и да не се променил во  

последната деценија. Во одредени  

земји, жените претставуваат помалку  

од 10% од вкупниот број на 

истражувачи. 

Во рамките на најразвиените  

индустриски земји, жените сочинуваат  

само 22% од вработените во STEM  

сектори, а нивната застапеност на  

лидерски позиции е уште помала – 

само една од десет такви позиции ја  

држи жена  

.Слика 1. Статистики превземани од изveштајот Changing the  equation: Securing STEM futures for women

Овие разлики не се само статистички показатели, туку имаат реални последици во  пракса. Недоволната застапеност на жените во развојот на нови технологии  доведува до непредвидени пристрасности во резултатите и дизајнот на  технолошките решенија. На пример, системите за вештачка интелигенција  покажале намалена ефикасност при препознавање на женски гласови, што е  директен резултат на недоволното учество на жени во процесот на нивна  изработка и тестирањe.  

Слика 2. Статистики на студенти запишани на STEM образование од Women In STEM  Statistics: Progress and Challenges

Истовремено, статистичките податоци покажуваат дека постои значителен родова  нееднаквост уште на ниво на избор на образовни насоки. Жените поретко се  одлучуваат да студираат предмети поврзани со физичките науки, математичките  науки, компјутерските науки и инженерството, што дополнително го намалува  нивното учество во градење на STEM професии. Како што е прикажано на Слика  2, во областите како инженерство и технологија, процентот на жени е особено  низок, што укажува на потребата од рана мотивација и поттикнување на интерес  кај жените за STEM образование. 

Таквата нееднаквост не само што го ограничува потенцијалот на жените, туку води  и кон изгубен иновативен капацитет, недоволно прилагодени решенија кои не ги  задоволуваат потребите на сите корисници, и продолжување на структурните  бариери во науката и технологијата. Современите предизвици бараат системски  пристап за креирање еднакви можности и целосна интеграција на жените во сите  нивоа на STEM екосистемот. 

3. Влијатели фактори и родови стереотипи врз изборот  на STEM професии 

Релативно ниската застапеност на жените во STEM областите не е резултат  на еден единствен фактор, туку на комплексна мрежа од општествени,  психолошки и биолошки (вродени) влијанија. Иако овие фактори можат  аналитички да се класифицираат, во реалноста тие често се преплетуваат и  меѓусебно се засилуваат. 

3.1. Класификација на факторите што влијаат врз изборот на STEM професии 

Општествени фактори: вклучуваат културни норми и родови стереотипи  кои влијаат на тоа како девојчињата и жените се доживуваат себеси и  својата улога во општеството. Од најрана возраст, девојчињата може да  бидат обесхрабрени од интерес за технологија и наука поради перцепцијата  дека тие се „машки“ области. 

Психолошки фактори: се фокусираат на разликите во самодовербата,  перцепцијата на способностите и мотивацијата. Некои истражувања  покажуваат дека девојчињата имаат тенденција да го потценуваат својот  капацитет во математика и природни науки, дури и кога покажуваат висок  академски успех. 

Биолошки (вродени) фактори: се најконтроверзни и честопати  критикувани. Се базираат на претпоставки за природни разлики меѓу  половите кои влијаат на когнитивните способности поврзани со STEM.  Сепак, голем број истражувачи укажуваат дека овие разлики, ако и постојат,  се минимални и не можат да објаснат толку значителен родов јаз. 

Слика 3. Влијателни фактори од изveштајот Changing the equation: Securing STEM futures for women

Oсобено важна улога имаат родовите стереотипи, кои се рефлектираат преку  очекувањата на општеството, воспитувањето, образовниот систем и работната  култура. За подобро да се разбере зошто многу девојки и жени не избираат кариери од STEM областите, потребно е да се анализираат конкретните бариери  што произлегуваат од овие стереотипи. Во продолжение се прикажани неколку  клучни фактори што имаат влијание врз одлуките и можностите на жените во ова  поле: 

3.2. Општествени очекувања и културни норми 

• Во многу општества постојат длабоко вкоренети верувања дека жените се  „природно“ посоодветни за професии кои се поврзани со нега, комуникација  или хуманистички науки. 

• STEM професиите често се перцепираат како „машки“ и се поврзуваат со  рационалност, логика и техничка експертиза – карактеристики што  традиционално се припишуваат на мажите. 

• Овие општествени ставови можат да ги обесхрабрат девојчињата уште од  рана возраст да се заинтересираат за STEM. 

3.3. Недостаток на женски примери за идентификација 

• Недоволната видливост на успешни жени во STEM води до отсуство на  модели за идентификација за младите девојки. 

• Жените кои придонеле во овие полиња низ историјата често остануваат  непрепознаени или недоволно застапени во образовниот процес и  медиумите. 

• Истражувањата покажуваат дека постоењето на женски ментори и примери  во STEM значително ја зголемува веројатноста девојчињата да продолжат  со ваков кариерен пат. 

3.4. Образовни пристрасности и нееднаква поддршка 

• Наставниците несвесно можат да покажуваат различни очекувања кон  момчињата и девојчињата во STEM предметите, со што влијаат на нивната  самодоверба. 

• Учебниците и наставните материјали често не ја рефлектираат  разновидноста на улогите и придонесите на жените во науката и  технологијата. 

• Девојчињата поретко добиваат охрабрување да изберат математички или  технички насоки, иако покажуваат исто или повисоко ниво на постигнување.

3.5. Психолошки бариери и синдром на измамник 

• „Синдромот на измамникот“ (impostor syndrome) е појава каде поединецот  чувствува дека не ги заслужува своите успеси и се плаши дека ќе биде  „разоткриен“ како измама. 

• Многу жени во STEM се соочуваат со ова чувство, особено во средини каде  што се малцинство. 

• Овој психолошки товар го зголемува ризикот од напуштање на студиите или  кариерата, дури и кога постигнуваат успех. 

3.6. Работна средина и институционални бариери 

• Жените во STEM често се соочуваат со нееднакви можности за  унапредување, вклучително и ограничен пристап до лидерски позиции и  помала веројатност да бидат вклучени во важни проекти. Дури и кога  поседуваат исто или повисоко ниво на квалификации, напредувањето низ  хиерархијата е побавно во споредба со нивните машки колеги. 

• Родовата дискриминација се манифестира не само преку нееднакви  можности, туку и преку разлика во платата, каде што жените на исто  работно место и со исти квалификации често добиваат пониска плата од  мажите. 

• Жените неретко се исклучени од неформалните мрежи на моќ и влијание во  институциите, како што се професионалните здруженија, технички клубови  или неформални дружби кои носат информации, поддршка и поврзување со  влијателни личности. 

• Недостатокот на флексибилни работни услови, како што се работа од дома,  скратено работно време или поддршка при родителство, ја отежнува  можноста жените да го балансираат професионалниот со приватниот живот.  Ова особено влијае на нивната одлука дали да останат или да напредуваат  во STEM кариери. 

• Сето ова создава неподдржувачка и понекогаш токсична средина што води  до зголемен ризик од напуштање на професијата, намалена мотивација и  чувство на несигурност.

4. Начини за намалување на влијанието на родовите  стереотипи во STEM 

Намалувањето на родовите стереотипи во STEM бара координиран и  сеопфатен пристап кој ги вклучува сите општествени нивоа – од образовниот  систем и семејството, до институциите, медиумите и заедницата.Истражувањата  покажуваат дека жените често се соочуваат со бариери кои започнуваат уште во  раното детство, се зголемуваат во текот на образованието, и продолжуваат во  работната средина. Следниве стратегии се насочени кон создавање на  поподдржувачка и инклузивна средина за девојчињата и жените во STEM. 

4.1. Ран пристап до STEM образование 

• Овозможување на девојчињата да се запознаат со STEM уште од најмала  возраст преку интерактивни и практични активности – како научни  натпревари, лабораториски вежби, проектна настава и работилници. • Развивање на родово неутрални наставни програми и материјали кои  прикажуваат позитивни примери на жени научници и инженери со што се  поттикнува идентификацијата ,мотивираноста и интересот кај девојчињата. 

4.2. Менторство и инспиративни личности 

• Создавање пристап до женски ментори кои можат да ги охрабрат и  насочат младите девојчиња кон STEM области, особено во чувствителните  периоди како средно образование и избор на кариера. 

• Промоција на успешни жени во STEM преку предавања, работилници,  јавни настани и медиумски кампањи, со цел да се прикажат реални примери  на женски успех и лидерство. 

4.3. Обука за наставен кадар 

• Континуиран професионален развој на наставниците за препознавање и  надминување на несвесни родови пристрасности кои можат да влијаат на  однесувањето и очекувањата кон учениците. 

• Поттикнување на еднаков пристап кон STEM содржините за сите ученици,  со посебен акцент на охрабрување на девојчињата во предмети како  математика, физика и информатика. 

4.4. Поттикнување на родово инклузивни политики на работното место 

• Воведување на институционални политики кои обезбедуваат еднакви  можности за вработување, професионален развој и унапредување, без  оглед на полот. 

• Создавање услови за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот 

10 

преку флексибилни работни практики, родово неутрални родителски  отсуства и поддршка за грижа за деца. 

• Овозможување пристап до професионални мрежи, програми за лидерство,  финансирање за истражување и кариерен напредок за жените во STEM. 

4.5. Подигање на свеста и позитивна медиумска репрезентација на жените во  STEM 

• Кампањи за подигнување на јавната свест имаат клучна улога во  менувањето на перцепциите и рушење на традиционалните стереотипи.  Преку прикажување на женскиот придонес во науката и технологијата, тие  создаваат позитивна атмосфера за новите генерации. 

• Значаен пример е кампањата на UNESCO „Imagine a World with More  Women in Science“, која ја промовира видливоста на жените научници и ги  инспирира девојчињата ширум светот да се замислат себеси како идни  научници, иноватори и лидери. 

• Медиумите имаат моќ да го моделираат јавниот дискурс. Претставувањето  на жени како стручни, компетентни и креативни STEM професионалци може  значително да придонесе за нормализирање на нивното присуство во овие  полиња и да ги прошири хоризонтите на можностите за идентификација кај  младите девојчиња. 

4.6. Јакнење на семејната и заедничката поддршка 

• Информирање и едукација на родителите за важноста на еднаков пристап  кон образованието и кариерата, без оглед на полот – особено во контекст на  STEM. 

• Вклучување на семејството и заедницата во STEM активности (на пр.  семејни научни денови, локални натпревари, јавни демонстрации), со цел  девојчињата да добијат поддршка и охрабрување во своето окружување. • Промовирање на позитивни примери од локалната средина – жени  инженери, научници кои потекнуваат од истата заедница – за да се создаде  чувство на блискост и реална достижност на ваква кариера.

11 

7. Заклучок 

Родовите стереотипи и нивното влијание врз изборот на STEM професии  претставуваат комплексен и длабоко вкоренет општествен проблем. Иако жените  низ историјата дале значаен придонес во областа на науката, технологијата,  инженерството и математиката (STEM), нивната улога, достигнувања и напори  долго време останале недокументирани, недоволно признати и ставени во сенка  во однос на машките успеси.Денес, и покрај одреден напредок, статистиките  укажуваат дека жените сè уште се недоволно застапени во овие професии – особено во повисоките и лидерски позиции. 

Причините за оваа нееднаквост се разновидни: од културни и општествени  очекувања, преку образовни и институционални бариери, до психолошки фактори  како што е синдромот на измамник. Овие фактори меѓусебно се надополнуваат и  го ограничуваат потенцијалот на многу млади девојки уште од рана возраст. 

Сепак, постојат јасни насоки и практични чекори кои можат да придонесат кон  надминување на овие бариери. Раното охрабрување и поддршка, родово  инклузивно образование, менторство, позитивна репрезентација на жените во  STEM и еднакви можности за професионален развој се само дел од неопходните  стратегии. Истовремено, општеството мора активно да работи на деконструкција  на штетните стереотипи и промоција на култура на еднаквост и инклузивност. 

Само преку заеднички ангажман на институциите, образовниот систем, медиумите  и семејствата, може да се создаде средина во која жените ќе имаат еднаков  пристап до STEM професиите и ќе можат да го реализираат својот целосен  потенцијал.

12 

6. Референци 

• Wikipedia contributors. Women in STEM fields. Wikipedia.  

https://en.wikipedia.org/wiki/Women_in_STEM_fields

• STEM Women. Women in STEM: Statistics, Progress and Challenges. https://www.stemwomen.com/women-in-stem-statistics-progress-and-challenges 

• UNESCO. (2024). Cracking the code: Girls’ and women’s education in science,  technology, engineering and mathematics (STEM). 

https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391937

• UNESCO. (2024). To be smart, the digital revolution will need to be inclusive. Преземено од https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391384 

• United Nations. Gender Equality – United Nations Sustainable Development. Преземено од https://www.un.org/sustainabledevelopment/gender-equality/ 

• Dottie Rose Foundation. (2022). A Brief History of STEM. 

https://dottierosefoundation.org/2022/09/a-brief-history-of-stem

• MIT Professional Education. The Gender Gap in STEM. 

• UNESCO. (2024). UNESCO launches “Imagine a world with more women in  science” campaign. https://www.unesco.org/en/articles/unesco-launches imagine-world-more-women-science-campaign

13