Stem образование за девојчиња во земјите во развој:  бариери и решенија

Published by

on

 

 Христијан Давидовски

Вовед 

Од минатото до денес, светот станува посвесен за значењето на образованието во  областа на STEM (наука, технологија, инженерство и математика) за економскиот раст,  развој и иновации кои се важен елемент од нашата егзистенција. Сепак, девојчињата,  особено оние од земјите кои се се уште во развој, се жртви на значителните бариери во  пристапот до STEM образование. И покрај многубројните глобални напори за промовирање  на родовата еднаквост, постојат статистики кои упатуваат на тоа дека учеството на  женскиот пол во STEM професиите на глобално ниво е ниско, особено во земјите кои се  уште не се доволно развиени и сиромашни.  

Овие бариери не се настанати како резултат на економски ограничувања или  ограничувања од друг тип, туку и од длабоко вкоренетите традиционални и културолошки  стереотипи. Минималното присуство на девојчиња во високообразовните институции и  професионалниот свет на STEM секторите е причината поради кое се опаѓа и самиот  интерес во овие области ширум светот, а најмногу кај земјите во развој. 

Во оваа семинарска работа се анализирани главните предизвици со кои се соочуваат  припадничките на женскиот пол во земјите во развој во пристапот до STEM образование,  како и предлог решенија за надминување на овие бариери. 

1. Значењето на STEM образованието за девојчињата 

STEM образованието е образование кое на девојчињата им обезбедува вештини кои  се клучни за работните места кои би ги имале во иднината. Поседувањето знаења и вештини  во областа на технологијата, аналитичко и критичко мислење, креативно решавање на  проблеми, како и иновација се способности кои се бараат низ сите индустрии ширум светот.  Исто така, вклучувањето на што поголем број на девојчиња во STEM образованието, значи  дека се креираат подиверзифицирани тимови кои носат нови перспективи и решенија за  сложените предизвици со кои се соочува светот. 

Спроведените експерименти и истражувања покажуваат дека оние региони кои  активно инвестираат и се залагаат за STEM образование на жените и девојчињата  забележуваат поголем економски раст и развој, како и поголема конкурентност на  глобалниот пазар. Токму поради ова, инвестирањето во образование за девојчињата од  сиромашни и се уште неразвиени региони, не само што е важно за нивниот личен развој,  туку и за напредокот на сите општества како целина. Според податоците од Обединетите Нации за образование, наука и култура – УНЕСКО, жените сочинуваат само 30% од  истражувачите ширум светот, а податоците кај земјите во развој покажуваат уште помало  учество. Ова не само што ја ограничува индивидуалната можност на девојчињата да 

изградат кариера во високо платени и престижни професии, туку и го ограничуваат  потенцијалот за иновација, раст и развој во тие земји. 

2. Главни бариери за девојчињата во STEM образование 

2.1 Културни и општествени норми 

Традиционалните родови улоги во голем број на земји ширум светот, се уште имаат  силно влијание врз образованието и изборот на кариера кај девојчињата. Честопати STEM образованието се гледа како професија која повеќе доликува на машкиот пол, односно на  STEM образованието се гледа како на „машка професија“. Според традицијата и културата  во светот, девојчињата се поттикнуваат да избираат хуманистички или образовни науки.  Овие социјални притисоци доведуваат до дефицит на самодоверба кај девојчињата кога  станува збор за науки и технологии, уште од најмала возраст.  

Оваа културна перцепција има директен ефект на изборот на предмети, способности,  знаења и вештини кои што девојчињата ги изучуваат во текот на своето едуцирање.  Значењето на науката и технологијата честопати не се препознава, што пак води кон ниска  мотивација и вклученост на девојчињата во областите со низок развој. Кога девојчињата од  мали нозс не се поттикнати да развијат вештини во науките и технологијата, тие растат во  средина која не ги поттикнува да размислуваат за STEM образование како сериозен избор  за кариера во текот на животот.

2.2 Лимитиран пристап до квалитетно образование 

Во сиромашните региони и земјите во развој, образовните институции често имаат  дефицит на основни ресурси како на пример: лаборатории, компјутери и добро обучен  кадар за STEM предметите. Дополнително, девојчињата се засегнати бидејќи семејствата  кои имаат ограничен пристап до средства почесто инвестираат во образованието само на  машките деца, занемарувајќи ги нив.  

Истражувањата покажуваат дека во некои земји помалку веројатно е девојчињата да  не добијат никакков пристап до напредни образовни ресурси, како што се компјутери,  интернет и слично. Освен што се ограничуваат нивните можности за учење на овој начин,  исто така се ставаат и во неповолна позиција за понатамошен развој во технолошките  области. Проблемот со пристапот до овие ресурси го задржува женскиот пол во сферата на  неинформираност и недоволна подготвеност за идните предизвици во текот на животот. 

2.3 Недостиг на женски улоги за пример 

Малиот број на успешни жени во STEM професиите ширум светот ја намалува  мотивацијата кај девојчињата. Кога тие не гледаат жени кои успеале во кариери поврзани  со STEM, тешко можат да се замислат себеси во тие улоги. Овој недостаток на женски улоги  за пример може да ја намали самодовербата на женскиот пол и да ги принуди да се  чувствуваат како да не се доволно способни за овој вид на професија. 

2.4 Економски пречки 

Образованието во земјите ширум светот е скапо и недостапно за сите, како и  поврзано со маргинални трошоци (училишни такси, превоз, материјали). Девојчињата,  особено оние од сиромашни семејства, почесто се приморани да ги напуштаат образовните  институции за да можат да помагаат во домаќинството или да работат. Ова ја спречува  нивната можност за фокусирање на учењето и развивањето способности и вештини во  STEM областите. 

На светско ниво, стапката на сиромаштија продолжува да има големо и силно  влијание врз процесот на образование. Во голем број на случаи, родителите не се во  можност да си го дозволат скапото образование, особено кога во прашање се женските деца,  на кои често се гледа како понижени членови од социо-економски услови.

2.5 Безбедносни проблеми 

Повеќечасовните патувања до училиште кои се небезбедни за девојчињата,  сексуалното злоставување или насилството во образовните институции се сериозни пречки  за редовно посетување на наставата од страна на девојчињњата. Многу девојчиња кои  потекнуваат од руралните средини се жртви на насилство и непријатности додека патуваат  во нивните училишта, што ги прави помалку склони да ја продолжат својата едукација. 

Овие безбедни предизвици се многу чести во земјите кои бележат високи стапки на  насилство и поседуваат мали ресурси за справување со проблемите од овој вид. Проблемот  со патувањето и безбедноста треба да биде приоритет за решавање од страна на државните  институции, за да се обезбеди безбеден пристап на секој поединец до образованието. 

3.  Успешни примери и иницијативи за поддршка на девојчиња во STEM образование 3.1 Иницијативи на Обединетите Нации  

Обединети Нации за образование, наука и култура – УНЕСКО и Детскиот фонд на Обединетите Нации – УНИЦЕФ, спороведуваат програми кои ги помагаат девојчињата во  STEM образованието преку различни стипендии, обука на кадар и креирање на безбедни  училишни средини. Програмата „Girls Can Code“ во Африка е еден од примерите каде  илјадници девојчиња добија основно знаење од областа на технологијата и  програмирањето.

3.2 Локални невладини организации 

Многу локални невладини организации, како на пример: „Tech Needs Girls“ во Гана  и „WAAW Foundation“ во Нигерија, се фокусирани на обука на девојчињата во областа на  програмирањето, инженерството и роботиката. Овој вид на иницијативи не само што  едуцираат, туку и обезбедуваат менторство и поддршка на девојчињата ширум светот.  

3.3 Програми за стипендии и финансиска поддршка  

Обезбедувањето финансиска поддршка и стипендии на оние на кои што тоа им е  потребно, е еден од најважните начини и клуч за успех во пружањето поддршка на  девојчињата кои потекнуваат од земји во развој. Програми како „The Microsoft 4Afrika  Initiative“ и „The Google Anita Borg Memorial Scholarship“ обезбедуваат финансии за STEM образование и помагаат девојчињата да продолжат понатаму во процесот на едукација без  економски бариери. Оваа стипендија ги мотивира девојчињата да се посветат на  технологијата, но исто така се и одлучувачки фактор дали некои од девојчињата од рурални  области ќе продолжат да студираат или не. 

3.4 Менторски програми  

Менторите се клучни во развојот и  

кариерата на младите девојчиња.  

Програмите кои го нудат ова во STEM 

образованието имаат огромен ефект.  

Менторите се тие кои што помагаат да се  

развие самодоверба, да ги стекнат  

практичните вештини кои се потребни и да  

им покажат дека е можно да се успее во  

технолошките индустрии и притоа да се  

изградат успешни кариери.

4. Препораки и решенија  

4.1 Поддршка за наставниците 

Образованието започнува со наставниците, поради тоа е потребно да се инвестира  во нивна обука со цел создавање на покомпетентен кадар кој ќе може да ги насочи  девојчињата во STEM образованието. Освен познавањето на STEM, наставниците треба да  имаат познавање и за методите на родова инклузивност. Тие треба да го поддржат интересот  на девојчињата во науката и технологијата и да ги поттикнат да се занимаваат со  дисциплини за кои важи стереотипот дека се „машки“. 

Наставниците исто така треба да имаат пристап до различни ресурси, како што се  нови материјали, нови технологии и стручни обуки кои ќе им помогнат да станат  поефективни во наставата на девојчињата. 

4.2 Политики на инклузивност 

Потребно е владите да донесат политики со кои ќе се поддржат девојчињата да се  вклучат во STEM образованието. Тоа значи да се обезбедат бесплатни ресурси, како на  пример интернет, материјали, компјутери и слично. Политиките кои ги промовираат  родовата еднаквост во образованието можат да направат значителна разлика во пристапот  до STEM образованието.  

Програмите за инклузивност се потребни за да се поттикнат девојчињата да изберат  да бидат дел од STEM образованието, да се вклопат во STEM областите и да изградат  успешна кариера. 

4.3 Развој на технологија за учење 

Со развојот на интернет технологиите и електронското учење, се отвораат нови  можности за девојчињата да стекнат образование, дури и во поодалечените региони.  Виртуелните училници и платформи за е-учење можат да бидат излез за девојчињата кои  живеат во региони каде што физичкото училиште е недостапно. Со тоа, девојчињата во  посиромашните земји и земјите во развој би можеле на полесен начин да бидат инволвирани  во STEM образованието.

4.4 Создавање на поволна училишна средина 

Многу е важно учениците да да се опкружени во безбедни училници и училишта, а  особено девојчињата. Овие средини треба да се без дискриминација и да поттикнат  инклузивност и еднаквост. Програмите за заштита од насилство и сексуално вознемирувања  во училиштата играат важна улога во овој процес. Во овој контекст, образовните  институции треба да инвестираат во безбедност и здравје, како и во создавање на поволни  услови за учење. 

Заклучок 

STEM образованието за девојчињата кои потекнуваат од сиромашни земји и земји  во развој е клучно за нивниот успех и напреднок, но и за напредоот на целото општество во  целина. Сепак и STEM образованието не е без бариери и предизвици. Културните,  традиционалните, економските и безбедносните бариери продолжуваат да ја спречуваат  инклузијата на девојчињата во ова поле. Меѓутоа, со соодветни политики, мерки и програми  за стипендии, менторство и создавање на безбедни и инклузивни училишни средини,  девојчињата можат да бидат поттикнати да станат лидери во STEM образованието.  

Во оваа семинарска работа, елаборирајќи ја оваа појава во денешницата доаѓаме до  заклучок дека е неопходно да се вложи во погоре споменатите решенија за да се обезбеди  еднаквост и правичност во образованието, но и да се отвори патот на девојчињата во  технолошката индустрија на глобално ниво.

Библиографија 

• British Council – Родовиот јаз во науката и ИКТ 

➢ https://www.britishcouncil.mk/en/programmes/education/21st-century schools/women-in-science/gender-gap 

• Foundation for Management and Industrial Research – STREAM IT проект ➢ https://mir.org.mk/en/foundation-for-management-and-industrial-research partner-in-the-horizon-europe-project-stream-it-streaming-girls-and-women-into steam-education-innovation-and-research/ 

• Junior Achievement Macedonia – Вклучување на жените и девојчињата во STEM ➢ https://jamacedonia.mk/web/wp-content/uploads/2024/03/WGSF-Policy Brief_2023.pdf 

• UTMS Journal of Economics – Вклучување на жените во истражувањето ➢ https://www.utmsjoe.mk/files/Vol.15.No.1/2.WOMENS-INCLUSION-IN RESEARCH-COMPARISON-OF-INVOLVMENT-IN-RESERCH-FOR DEVELOPING-AND-DEVELOPED-COUNTRIES.pdf 

• CRPM – Економско зајакнување на жените на Западен Балкан ➢ https://crpm.org.mk/wp-content/uploads/2022/11/Running-up-that hill%C2%AC_economic-strengthening-of-women-in-Western-Balkans.pdf

10