Наталија Михајловска
Кои се карактеристиките што ги споделуваат Siri, Alexa, Cortana, Google Assistant и многу други виртуелни асистенти? Заедничко за нив е тоа што стандардното подесување им е со женски глас.Иако можеби не сте го забележале тоа досега, и кај повеќето постои можност за избор на машки глас, не било тоа отсекогаш случај. Сепак, не станува збор само за гласот, туку имињата, интонацијата и однесувањето на овие асистенти честопати носат карактеристики што се традиционално поврзани со женскиот род. Така, вештачката интелигенција добива форма која не само што е гласовно, туку и културолошки феминизирана.